Официјално лого на проектот GOAL!

Училишната комисија во состав: Лидија Пешевска, Анита Димовска, Ивана Ѓорѓиевска, Росица Трајковска и Далибор Јовановски имаше многу тешка задача. Имајќи ги во предвид гласовите на фановите на фан страната на училиштето, но и пропозициите за најсоодвето лого, реши да го прогласи цртежот на Анастасија Спасевска од 8-4 одд. за лого со кое нашето училиште ќе се натпреварува во кокуренција со најдобрите пет од другите држави-учеснички во Проектот!
Се надеваме на голем успех!
Голема благодарност на учениците кои и овој пат го покажаа својот неисцрпен уметнички талент!
Учениците кои се рангираа меѓу десетте најдобри ќе бидат јавно пофалени и ќе им бидат врачени дипломи од страна на училиштето.

Обука ,,Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“

Дека наставниците од нашето училиште постојано ги надградуваат своите способности е доказ и големата посетеност на денешната обука ,,Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“. Предавачи беа: проф.др Љупчо Кеверески, проф. Јован Хаџиевски и психолог Дивна Јанкова, сите од Македонска асоцијација за надарени и талентирани. Обуката беше спроведена со цел подобрување на компетенции во процесот на откривање, работа и поддршка на развојот на надареноста кај надарени и талентирани како и креирање на ефикасни институционални решенија и примена на позитивни практики кои се дел од современите европски образовни институции. Квалитетна обука, со многу дискусија, анализа, посочување на практични примери и сознанија.

Соработка со Црвен крст-Куманово

Во соработка со Црвен крст на Р. Македонија-Општинска организација Куманово во нашето училиште е формиран Училишен клуб на Црвен крст составен од ученици од осмо и деветто одделение. На 5 октомври беше одржан првиот состанок-дисеминација за учениците од деветто одд. од страна на младите волонтери на Црвен крст. Учениците преку презентација и разговор се запознаа со основањето и работата на Црвен крст, негови цели и задачи, принципи на работа. Целта е да се поттикнуваат и негуваат хуманите вредности кај младите и да се зголемува и проширува бројот на млади волонтери на Црвен крст. Во текот на учебната година следуваат разни предавања, активности, работилници, вежби и учество во разни акции организирани од страна на Црвен крст.

Детска недела 2018/19

Детската недела која се одбележи со низа активности на 5.10.2018 г. заврши со прекрасна манифестација, организирана по повод прием на првачињата во Детската организација! Во присуство на гостинчиња од градинката „Ангел Шајче“, клон „Пчелка“, родители, ученици наставници, првачињата ја положија свечената заклетва. Во сите подрачни училишта беше подготвена мала манифестација од страна на постарите другарчиња. Драги првачиња, честит прием во Детската организација!

Како дел од активностите на Детска недела беше реализирано цртање во дворот на училиштето,игри без граници, а во  опуштена и пријатна атмосфера во градината на училиштето се одржаа „Детски лирски треперења“. Уживавме во пејзажна, патриотска, хумористична, љубовна поезија, но имаше и социјална по која е познат нашиот патрон, поетот Кочо Рацин. Браво ученици и наставници, повторно го докажавте вашиот тален и креативната работа со учениците!