Талентираните учениците од III-IX одд. денеска, во училишната медијатека твореа на тема: Екологија. Без предходни подготовки сите напишаа по една еколошка песна. Убавината на пишаниот збор и нивото на еколошката свест ги изненади присутните на поетското творење. Песните ќе бидат изложени на видно место во холот на Училиштето.
Вo нaшетo училиште се реaлизирa и третиoт ден oд екo aкцијaтa. Техничкиoт персoнaл гo рaзвесели училишниoт двoр сo прекрасни есенски цвеќињa донирани oд цвеќaрницaтa ,,Гaрден”, нaшиoт верен пријaтел.Како поддршка на сите еколошки активност кои се случуваат во нашето Училиште, учениците од VII одд. денска цел ден ќе носат маички со зелена боја- боја на природата и нејзината заштита.
Денеска во Училиштето се реализира вториот ден од ЕКО акцијата во која беа вклучени ученици и наставници од првата смена. Акцијата продолжува и со втората смена… Заедно за почисто Училиште и подигнување на еколошката свест!
На 03.10.2017г. десетина ученици од ликовната секција „Ван Гог“, заедно со наставникот по ликовно образование Далибор Јовановски и педагогот Ана Маниќ, беа учесници на работилницата организирана по повод кампањата на Национален ромски центар-„Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите!“ во „Грација“. На работилницата, втора по ред, нашите ученици го покажаа својот талент, односно слоганите, пораките и мотивите кои ги смислија на првата работилница за предрасудите, стереотипите и дискриминацијата, сега ги нацртаа и ги избоија на маиците кои им беа дадени. Во исчекување сме на изложбата на нашите дела!
На 03.11.2017 г. учениците од 6 одд. заедно со своите класни раководители ги посетија Планетариумот и Природонаучниот музеј во Скопје. Оваа активност е дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците„. Учениците во Природонаучниот музеј беа запознаени со животинскиот свет и ендемичните видови кои постојат во нашата земја , а се изложени во најстариот музеј на Македонија кој е отворен во далечната 1963 год. Учениците беа љубопитни и поставуваа интересни и практични прашања на кустосот. Во Планетарумот, учениците на визуелен начин се запознаа со звездите, созвездијата, планетите и небесниот свод. Прекрасна и корисна прошетка, со прекрасни ученици!