Месец на книгата во градинката „Ангел Шајче“

Продолжува традиционалното дружење со дечињата од градинката „Ангел Шајче“. По повод Месец на книгата, учениците од литературната секција од Училиштето, денеска им приредија прекрасни мигови на своите помали другарчиња. Со разновидини стихови им ја развеселија и разнежнија душата и на нивните поранешни учителки. Однесовме подароци, но и примивме подарок изработен од вредните раце на нашите другарчиња. Секој миг поминат со вас, драги деца е исклучителен! Благодариме за убавите мигови поминати со Вас!

Донација од „Лајонс клуб“

Петнаесетина дечиња од подрачните училишта од с.Градиште и с.Кучкарево денеска беа пресреќни.Претставниците на „Лајонс клуб“ направија хуман гест и им подарија училишни ранци и нов училишен прибор. Учениците им возвратија со насмевки, воодушевеност, а изрецитираа и по некоја песничка. Браво за донацијата и голем позрдав на хуманиот гест на „Лајонс клуб“

Свечено отварање на пристапни рампи

Во присуство на претставници од Фондација Отворено општество Македонија, МОБИЛНОСТ Куманово, Совет на општина Куманово, Сектор за образование, бизнис заедницата и медиуми, денес во училиштето официјално беа отворени пристапни рампи и тоалети за лица со телесен инвалидитет. Проектот беше реализиран со МОБИЛНОСТ Куманово, а финасиски беше поддржан од ФООМ. Со помош на донациите од бизнис заедницата беше направен уште еден тоалет и беше преадаптирана пристапната рампа во училиштето. Голема благодарност на сите донатори кои покажаа голема свест за лицата со телесен инвалидитет!

Еколошко интерактивно магионичарско шоу

Во организација на ,,ПАКОМАК’’ Македонија на 18 и 19 септемви во холот на училиштето се реализира бесплатно магионичарско шоу ,,Хокус – покус рециклирањето е во фокус’’ за учениците од 1 до 5 одделение. Преку музика, интерактивни магионичарски трикови , главната цел на екомагионичарот Кристиан Шопов беше учениците да научат како да ја практикуваат 3Р-програмата, односно РЕЦИКЛИРАЊЕ, РЕУПОТРЕБА и РЕДУЦИРАЊЕ. Со многу смеа, надвикување, но и со корисна интерактивна игра беше проследен настанот од страна на учениците! Оддлична едукативна манифестација- БРАВО за „ПАКОМАК“ и за нашите умни ученици!