Archives January 2019

„Безбедност во сообраќај“

„Безбедни училишта“ е проект кој и оваа година продолжува во соработка со Сектор за безбедност при СВР Куманово. Првата активност веќе започна со реализација. Со предавање на тема „Безбедност во сообраќај“ инспекторите ги запознаа учениците од 2 и 3 одделение со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Кому да се обратат кога имаат проблем, која е разликата меѓу полицаец и сообраќаец, како да влегуваат и излегуваат од автобус, како да минуваат улица, кога можат да возат велосипед на пат, кога можат да се возат на предно седиште во автомобил и на слични прашања учениците добија одговори, но даваа и своите предлози. Корисно предавање за безбедност на нашите ученици!

Донација од „Битолска млекара“ по повод Детска недела

Добредојде на нашите првачиња во Детската светска организација по повод Детската недела им приреди и „Битолска млекара“! Чоколадно млекце за да пораснат, распоред на часови за да се почувствуваат одговорни, налепници и друг школски прибор беа само дел од подароците кои понеделнички директорката Лидија Пешевска им ги подели на најмалите ученичиња! Да сте здрави, успешни и весели наши најмали ученици и нека ви е честит приемот во Детската организација!

Ученичка заедница

На 27.9.2018г во училишната медијатека се одржа првиот состанок на Ученичка заедница. Состанокот беше организиран и воден од педагогот Сашка Стаменковска и на истиот на демократски начин беше избрано раководството на Ученичката заедница. Кандидатите прво се претставија и им објаснија на членовите на ученичката заедница зошто треба токму нив да ги изберат за претседатели. Со тајно гласање, секој член на ученичка заедница го даде својот глас за машки и женски кандидат од предложените. За претседател беше изберен Давид Додевски од 9-1 одд., за потпретседател Мелани Кузмановска од 8-3 одд., а за член Мила Јовановска од 8-5 одд. Колективот на ООУ „Кочо Рацин“ Куманово им посакува среќна, плодна и успешна работа на новото раководство на Ученичката заедница!

Проект „Безбедни училишта“

На 7.9.2018г.15 ученици од 8 одд. учествуваа на тактичко- показната вежба организирана од СВР Куманово, како дел од проектот Безбедни училишта. На вежбата учествуваа Пожарна Куманово, Црвен крст, СВР Куманово и Медицинскиот центар. Вежбата за справување во кризни ситуации, беше корисна за учениците.

,,Радио Рацин”

Започна со работа училишното радио ,,Радио Рацин”! Учениците и наставниците, заеднички, со голем ентузијазам го рестартираа озвучувањето кое беше надвор од употреба петнаесетина години. ,,Радио Рацин” ќе биде управувано од учениците, членови на новинарската секција раководена од наставникот по македонски јазик Маја Стојановска. Со рестартирање на радиото ќе се подобри информираноста и забавниот живот исполнет со квалитетна музика и корисни информации во воспитно-образовниот процес!