ПOУ ,,Кочо Рацин” с.Добрoшане

-НЕКОГАШ И ДЕНЕС- 

     Поранешното подрачно училиште во с.Добрoшане се наѓало на самиот влез на селото до денешната црква  „Св.Ѓорѓија”. Подоцна истото училиште е преместено на сред село под  име „Фетка Наскова“. Тогашното училиште било изградено 1953 година и во неа учеле ученици до четврто одделение. Одделенијата биле комбинирани и тоа: прво и трето, второ и четврто со по триесетина ученика. Работеле два наставника и еден хигиеничар. Подоцна како резултат на поголемата бројност на месното население паралелките биле раздвоени во чисти паралелки, а учениците после четврто одделение биле делени, така што дел од нив петто одделение го продолжувале во с.Орашац, а дел во ООУ „Кочо Рацин“-Куманово.

    Во 1999 година е срушена старата зграда  и на нејзините темели било возобновено новото училиште ОУ„Кочо Рацин“ како подрачно на централното ООУ„Кочо Рацин“-Куманово и истото пуштено во употреба во 2001 година.

    Денеска ПОУ„Кочо Рацин“ с.Доброшане, се наоѓа во селото и брои пет чисти паралелки од прво до петто одделение. Работат пет наставника, професори по предметите: англиски јазик, природни науки и техничко обаразование, а за хигиената се грижи еден хигиеничар. Во училиштето учат 74 ученика од селото и околната населба на село Доброшане. Наставата се изведува на македонски јазик. Покрај редовната настава се изведуваат и воннаставните активности. Инаку училиштето располага со 5 училници, една училница опремена со компјутери за изведување на ИКТ настава, мала спортска сала за часовите по физичко и здравствено образование и голем школски двор кој го користиме во секоја можна прилика.

Учениците се вклучени во сите проекти кои ги реализира централното училиште.