Мисија на училиштето

Поттикнувачка, творечка и креативноста средина. Градиме взаемна почит и
доверба меѓу учениците, наставниците и родителите. Поттикнуваме љубопитност,
истражување и развивање критичко размислување. Создаваме стимулативна средина
базирана на доверба, сигурност, која промовира мулти-културни и културни
вредности. Промовираме одговорност, еднаквост и успешност.
Нашето училиште е флексибилна, ефективна и отворена средина

Визија на училиштето

Модерно училиште кое се стреми кон современи образовни трендови и
професионално компетентен кадар, кој ќе обезбеди високовалитетна настава, во
сооднос со европски образовни стандарди. Воспитуваме, градиме личности
подготвени за животните предизвици и одговорни граѓани на мултикултурното
општество. Градиме свест за унапредување на етичките и морални вредности, како и
алтернативните можности за заштита на биодиверзитетот.