Games of a Lifetime

Две учебни години 2018/19 г. и 2019/20 г. ќе соработуваме со 5 училишта на  Еразмус + проект. Проектот се нарекува GOAL! () – Учење преку игри. Носител е училиште од Франција, а ќе се соработува со училишта од Португалија, Шпанија, Италија (Сицилија) и Романија.

Меморандумот за соработка со „Фото клуб Куманово“

По потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу нашето училиште и Фото клуб Куманово на 7.11.2018 г., веднаш започнаа креативните активности меѓу членовите и ученици. Членовите на Фото клуб Куманово, Мила Златановска и Наум Цветковски, пред учениците од секцијата презентацентираа на тема ,,Композиција”. Се надеваме на успешна и креативна соработка.

Меѓународна изложба ,,13 Ноември”

На свеченост во Кинотека на Македонија, нашата ученичка Тамара Илиевска од 8-3 одд. под менторството на Далибор Јовановски, за својата уметничка творба ја прими дипломата за 1 место. Меѓународна изложба ,,13 Ноември” е организирана од град Скопје. Браво за нашата ученичка која го освои престижното 1 место на меѓународен натпреварот!

ПРОЕКТ “ФУДБАЛ ВО УЧИЛИШТЕ,,

Во рамките на проектот на Фудбалската федерација на Македонија – “ФУДБАЛ ВО УЧИЛИШТЕ – фудбал сега, фудбал насекаде“, а во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија на 14.11.2018 год.(среда) на спортските терени при ООУ “Кочо Рацин“ во Куманово, се реализираа натпреварите од шестото коло помеѓу учениците од второ, трето, четврто и петто одделение. Победници за второ и трето одделение е екипата на “Умни глави“ водени од одделенскиот наставник Оливера Шутевска. Додека пак за четврто и петто одделение победник е екипата на “Цареви“ водени од одделенската наставничка, Наташа Павловска. Организатор на натпреварите е училишниот координатор, наставникот по ФЗО, Грозде Спасовски.

„Етно вешта жена и вешто дете 2018“

На 18.11.2018г. во просториите на ресторант „Парк“, 10 ученици од V одд. под координација на Ирена Анастасовска, а придружувани од своите наставници и родители учествуваа во „Етно вешта жена и вешто дете 2018“. Учениците декорираа мафини наменети за продажба, а собраните средства на аукција беа наменети за деца со ПОП. Напишаа и писма за деца од друг град, по случаен избор на деца од Велес, со кои ќе се сретнат на еднодневната екскурзија во Дојран, планирана за во пролет и организирана од истата организација. Оваа манифестација се одржува во повеќе градови низ Македонија со една иста цел- да се истакнат талентирани и креативни деца и за миг да се оттргнат од нивните компјутери и мобилни телефони.