На 30.10.2018г. во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев” се одржа музичко-поетска вечер ,,Вечер со наградените ученици” организирана од Друштвото на писатели на Куманово. Наградените Лазар Цветковски III-1 одд. (ментор Марија Милановска) и Теодора Драгановска IX-2 одд.(ментор Весна Тодоровска) се претставија со своите лични творби. Честитки за нашите поети!
Неколку ученици од предметна и одделенска настава во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев”, учествуваа на ликовна работилница ,,Насликај го својот град”, организирана по повод Ден на градот. Учениците, заедно со нивните другарчиња од целиот град, го покажаа својот ликовен талент!
Прекрасен, забавен и уникатен начин да се прослави успехот на дечињата од целиот град кои учествуваа во литературниот конкурс ,,Мојот град” организиран од Центар за култура. ,,Трајко Прокопиев”. Убавата прошетка со автобус низ градот до Аџитепе, од нашето училиште ја заслужи Вељко Тричковиќ од 2-4 одд. (ментор Галаба Давчевска) кој ја освои втора награда и Мила Спасевска од 4-3 одд. (ментор Надица Димитриевска)која ја освои третата награда. Учениците добија дипломи, енциклопедии, но најзабавно беше влегувањето во авиончињата и онаа што слушнаа и доживеаја на Аџитепе. Браво за иновативноста на организаторите и браво за нашите мали, а сепак големи таленти!
Учениците од 8 и 9 одд. под менторството на Далибор Јовановски беа учесници на мултикултурната работилница ,,Надмини ги предрасудите-запознај ги Ромите” организирана од НРЦ „Roma pride“.
Освоена 1 награда со групен цртеж на Бисера Ќурчинска 9-4 одд., Ања Трајковска 9-4 одд., Софија Кузмановска 9-4 одд. на Републички натпревар ,,11-ти ОКТОМВРИ“-2018 година организиран од Детски ликовен центар на тема ,,СЛОБОДА, МИР И ЗАЕДНИЧКИ СОЖИВОТ“
Во рамки на проектот ,,GOAL”, група од деведесетина ученици и наставници ја посетија интерактивната изложба ,,Математика на дофат” поставена во Кинотека на Македонија. Учениците уживаа и се натпреваруваа во математичките игри. Сите заклучија дека математиката преку игра е многу полесна.