Училишната медијатека беше преполна со осмоодделенци, членови на училишниот клуб на Црвен крст, кои беа заинтересирани за предавање на тема ,,Трговија со луѓе”, организирано од Црвен крст и педагогот Сашка Стаменковска. Учениците се запознаа со самиот поим, потенцијалните жртви, интернет измамите и уцените кои се продукт на модерното време. Гледаа и едукативен филм преку кој дознаа за сите замки кои можат да им се случат во секојдневната комуникација.
Во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, учениците од 8 одд. заедно со нивните наставници ја посетија црквата „Св.Спас“, гробот на Гоце Делчев, Археолошкиот музеј на Македонија и Научниот саем организиран во „Сити мол“. Сите беа презадоволни од виденото и доживеаното!
Со цел непречена реализација на проектот,,Со талент до успех”, учениците од деветто одделение се потрудија да реализираат акција за собирање на стара хартија. Акцијата траеше од 29.10.2018 г. до 14.11.2018 г.
Со донирање на стара хартија им дадовме поддршка на нашите ученици за остварување на замислениот проект, а истовремено ја заштитивме природата и нашата околина!
Учениците и наставниците собраа 690 кг. стара хартија. Сите учествуваа, некои собирааа, некои носеа, други товареа. Најважно е дека целта е остварена- почиста животна околина, заштита на дрвјата и соберени средства за проектот ,,Од талент до успех”. Браво за иницијаторите од 9 одд. и за сите учесници!
Прекрасна посета од збратименото училиште ,,Кирил и Методиј” од Ќустендил! По потпишаниот меморандум за соработка со најголемото и најстарото училиште од Ќустендил во мај 2018г., денеска нашите нови пријатели го посетија нашето училиште. И двете училишта се спремни да разменат позитивни искуства во воспитно-образовниот процес и се надеваат на заеднички проекти!
На 1.11.2018г. во училиштето во с.Драгоманце се реализира ликовна колонија на тема ,,Мојот град” организирана од ,Здружение за грижа и воспитување на деца”. Ученичките Бисера Ќурчинска и Евгенија Петрушевска, под менторството на Далибор Јовановски беа дел од една прекрасна дружба!
Евгенија Петрушевска, Бисера Ќурчинска и ликовниот педагог Далибор Јовановски беа повторно наградени! „Здружение за грижа и воспитување на деца-Куманово“ има ја додели третата награда за уметничкото дело изработено на ликовната колонија на тема Народен вез.