,,Млади библиотекари”

Прекрасна завршна манифестација по повод Месецот на книгата се одржа денеска во просториите на Занаетчискиот дом. Музика, сликарство, драматизација, изложба, средба со познати писатели и поети и на крај признанија за најдобрите. Таблет, дипломи, книги се заслужени подароци за Бисера Ќурчинска од библиотеката ,,Тане Георгиевски” која на општинскиот натпревар ,,Млади библиотекари” го освои 1 места, а на државниот натпревар 4 место. Браво за организаторите кои го ценат детскиот труд!

Kрводарителската акција „Дарувај живот“

„Дарувај живот“ беше слоганот на крводарителската акција која денеска се реализираше во нашето училиште. Акцијата беше организирана од Советот на родители во соработка со Училиштето, „Ротари клуб Куманово“ и Централна Кооперативна Банка. Беа донирани триесетина крвни единици и акцијата беше прогласена за успешна.

По повод крводарителската акција од страна на Училиштето и Совет на родители беше организиран литеретурен и ликовен конурс „Капка за живот“, поддржан од „Ротари клуб Куманово“ и Централна Кооперативна банка. Со тајно гласање од страна на ученичката заедница, наставниците, родителите, посетителите и организаторите беа доделени прекрасни награди и тоа за :
литерарурен конкурс:
1 место Лазар Цветковски 3-1 одд.
2 место Илина Арсовска 5-4 одд.
3 место Давид Ивановски 7-2 одд.
ликовен конкурс
1 место Сара Стефановска 6-3 одд.
2 место Симона Додевска 7-2 одд.
3 место Марија Арсиќ 7-2 одд.
Пред учениците од страна на волонтери од Црвен крст беше реализирана показна вежба за давање на прва помош при разни видови на повреди.

Недела на стари лица

По повод Недела на стари лица, учениците од 4 одд. го посетија Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” и ги разнежнија и разиграа срцата на штитениците на овој дом. Рецитираа песничи напишани специјално за оваа посета, хорчето и солистите пееја, драмската секција ја драматизираше ,,Овошна караница”, подарија прекрасни хамери, а на крај заиграа македонско оро. Браво за нашите ученици и нивните ментори и организатори на оваа посета и за покажаната грижа за постарите!

,,ФЛОРА И ФАУНА-ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“-2018

На 12-та меѓународна ликовна изложба за деца и младинци ,,ФЛОРА И ФАУНА-ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“-2018, која се организира денеска во Скопје од страна на Детски ликовен центар, а под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, нашите ученици повторно најдобри.
Павел Милановски од 7-3 одд. со својот цртеж го освои првото место, а Анастасија Недељковиќ од 8-3 одд. второто место, под менторството на Далибор Јовановски.
Прво место освои и Дора Василевска од 5-1 одд. под менторството на Милка Ивановска. БРАВО НАШИ УМЕТНИЦИ!

Посета на градска библиотека ,,Тане Георгиевски”

Учениците од II одд. и III одд. ја посетија градската библиотека ,,Тане Георгиевски” и се запознаа со начинот на зачленување, врќање и чување на книги. Беа дочекани од гостопримливиот перонал на детскиот оддел и оддел за возрасни кои одговорија на сите можни прашања на љубопитните дечиња. Учениците од II одд. ги зедоа и своите први членски карти.