Нашиот GLOW тим составен од 6 седмоодделенци и два наставници учествуваат во C4 активноста во рамките на Еразмус проектот ,,Чувари на водите” во Тортоза во текот на оваа недела. Топло и сончево добредојде со впечатлива музичка точка за реката Ебре во училиштето домаќин IE Temple како и пригодна културно-уметничка програма за традицијата и културата на Тортоза, по што следеше запознавање со начинот на работа на училиштето во кое со интерактивен пристап и учење преку проекти како “Learning boxes” учениците се мотивирани и активно вклучени. Највпечатливиот дел од првиот ден беше средбата со реката Ебре со едночасовна пловидба на традиционалниот брод Lo Sirgador.
Од 24.04 до 28.04.23 се реализира Ц6 мобилност од Еразмус проектот ,,Откриј го светот околу себе со новите технологии!’ во Агиа, Грција. На првиот ден од мобилноста после топлото добредојде од директорката на училиштето домаќин, учениците поделени во две групи имаа можност да научат да играт традиционално грчко оро и да играат модерни танци. Потоа поделени во три групи учениците учествуваа наизменично во активности поврзани со хемија, информатика и јазици, односно изведуваа експерименти, изработуваа постери на онлајн платформа и кажуваа брзозборки. Во попладневните часови имавме прием кај градоначалникот, а после вкусен ручек во околното место Melivoia yчениците во мешани групи играа традиционални игри.
Проект ,,Талентот на дело “
Во рамките на проектот ,,Талентот на дело” во координација со менторот Весна Тодоровска на 11.04.2023 год. се одржа втора креатива работилница ,,Шарено јајце во разиграна пролет”. Во работилницата учествуваа учениците од прво до шесто одделение од подрачните училишта с.Габреш, с.Орашец, с.Биљановце.Учениците заедно со своите ментори изработија творби и велигденско јајце по повод празникот Велигден.Среќни лица кажуваат се`.
Настан – дел од проектот ,,Чекори умно и зелено”
На ден 21.03.2023 во нашето училиште се одржа настан како дел од проектот ,,Чекори умно и зелено,, менториран од страна на наставниците Лидија Поповска и Зденка Димиќ, а беше подржан од страна на ФИТР каде учениците продолжија со негување и размножување на растенијата.Учениците насадија корени од растенија коишто ги добиле со систем на водена култура и научија како да продолжат со разможување на ваков начин.Тие го засадија растението ,,Chlorophytum comosum ,, нетоксично растение коешто е безбедно за одгледување во училницата.На ваков начин ќе се разбуди свеста за учење во здрава и чиста средина.
Проект во организација на Детско село Песталоци -Швајцарија
На ден 07.02.2023 во училишната медијатека се одржа работилница на тема „ Дискриминација ” за ученици од 5-то, 6-то, 7-мо и 8-мо одд., како дисеминација на проектот кој беше реализиран во јануари 2023 год. во Троген, Швајцарија ,во организација на Детско село Песталоци од Швајцарија.На работилницата беа презентирани факти, податоци, ставови и појави поврзани со дискриминација на разни основи.Проектот траеше две недели.
Проект „Чекори умно и зелено”
На ден 23.02.2023 беше презентиран проектот „Чекори умно и зелено” под менторство на наставникот по програмирање Лидија Поповска и наставникот по биологија Зденка Димиќ, подржан од страна на Фонд за иновации и технолошки развој.Учествуваа ученици од 8-мо и 9-то одд., коишто имаа задача да создадат контролирана градина со цел да го подобриме процесот на растење и развивање, а паралелно со оваа паметна контролирана градина направија и неконтролирана во училишниот двор, којашто со надворешни услови се самонаводнува и храни.Во рамки на овој проект се засадија 60 различни растенија.
Еразмус проект “Откриј го светот околу себе со новите технологии”
Во септември нашето училиште беше домаќин на Еразмус проект “Откриј го светот околу себе со новите технологии” во кој учествуваа 22 ученика од осмо и деветто одделение од нашето училиште и 25 ученика.Гостите беа од неколку европски држави и тоа Р.Полска, Р.Романија, Р.Италија, Р.Бугарија, Р.Грција.
Ерасмус проектот ,,Чуварите на водите GLOW”
На 10 Октомври нашето училиште учествуваше во проектот ,,Чуварите на водите GLOW” и со учениците беа во Р.Турција, во Истанбул.Во овој проект учествуваа и државите Р.Шпанија, Р.Италија, Р.Португалија