Еко градината на четвртоодделенците го даде првите плодови!
Со недоверба ги насадија, со восхитеност ги одгледуваа, со гордост го набраа! Учениците од 4 одд. раководени од одделенските раководители, научија многу за одгледување на зеленчук и овошје.
Со гордост ги набраа првите плодови и се пофалија пред Директорката и стручната служба!
Браво за ваква практична примена на сознанијата од природни науки!