Темелите на оваа училиште се поставени во 1960 год. кога е пуштено во употреба под име ОУ „Јане Сандански“. Низ него поминале многу ученички генерации. Во 1988 год. станало ПОУ„Св.Кирил и Методиј“ с.Габреш, а во 2004 год. станува ПОУ„ Кочо Рацин“ Куманово. Оддалеченоста на ООУ„Кочо Рацин“ Куманово до ПОУ с.Габреш е околу 25км.
Во дамнешно време Училиштето броело голем број ученици, но поради иселување на луѓето за подобра егзистенција, бројот на ученици се намалувал.
Денешното училиште во с.Габреш брои 3 ученика и тоа по еден во 2,4 и 5 одд. Во училиштето е вработен еден одделенски наставник, професор по англиски јазик, по природни науки и техничко образование во 5 одд. За хигиена е задолжен хигиеничар.
Настава се изведува само во претпладневна смена. Училиштето располага со 2 училници.Настава се изведува во помала училница, а поголемата не е во функција.
Во понатамошен период се надеваме на реновирање на училишна зграда, оградување на училишен двор и ставање во употреба уште една училница (канцеларија за наставници).
![]() |
![]() |
![]() |