Од Меморандум за соработка со Општина Куманово, преку проектот Општествено корисна работа, на 3 октомври го добивме и петтиот асистент во нашето училиште. Образовните асистенти се задолжени за работа и придружба на учениците со ПОП за време на престојот во училиштето. Благодарност до тимот на Општина Куманово и МОН!
„Безбедни училишта“ е проект кој и оваа година продолжува во соработка со Сектор за безбедност при СВР Куманово. Првата активност веќе започна со реализација. Со предавање на тема „Безбедност во сообраќај“ инспекторите ги запознаа учениците од 2 и 3 одделение со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Кому да се обратат кога имаат проблем, која е разликата меѓу полицаец и сообраќаец, како да влегуваат и излегуваат од автобус, како да минуваат улица, кога можат да возат велосипед на пат, кога можат да се возат на предно седиште во автомобил и на слични прашања учениците добија одговори, но даваа и своите предлози. Корисно предавање за безбедност на нашите ученици!
Добредојде на нашите првачиња во Детската светска организација по повод Детската недела им приреди и „Битолска млекара“! Чоколадно млекце за да пораснат, распоред на часови за да се почувствуваат одговорни, налепници и друг школски прибор беа само дел од подароците кои понеделнички директорката Лидија Пешевска им ги подели на најмалите ученичиња! Да сте здрави, успешни и весели наши најмали ученици и нека ви е честит приемот во Детската организација!
На 27.9.2018г во училишната медијатека се одржа првиот состанок на Ученичка заедница. Состанокот беше организиран и воден од педагогот Сашка Стаменковска и на истиот на демократски начин беше избрано раководството на Ученичката заедница. Кандидатите прво се претставија и им објаснија на членовите на ученичката заедница зошто треба токму нив да ги изберат за претседатели. Со тајно гласање, секој член на ученичка заедница го даде својот глас за машки и женски кандидат од предложените. За претседател беше изберен Давид Додевски од 9-1 одд., за потпретседател Мелани Кузмановска од 8-3 одд., а за член Мила Јовановска од 8-5 одд. Колективот на ООУ „Кочо Рацин“ Куманово им посакува среќна, плодна и успешна работа на новото раководство на Ученичката заедница!
На 7.9.2018г.15 ученици од 8 одд. учествуваа на тактичко- показната вежба организирана од СВР Куманово, како дел од проектот Безбедни училишта. На вежбата учествуваа Пожарна Куманово, Црвен крст, СВР Куманово и Медицинскиот центар. Вежбата за справување во кризни ситуации, беше корисна за учениците.