Културно-уметничкото друштво,,Панче Пешев” со прекрасна презентација го претстави своето постоење и дејствување пред многубројната публика. Учениците од 4-9 одделение беа запознаени со долгата традиција на друштвото. Покана до сите кои сакаат да членуваат во најстарото фолклорно друштво им упати претседателот! Традицијата треба у мора да продолжи!
,,Велосипедизмот и спортскиот дух- здрави животни навики во современото живеење” е проект кој заживеа во нашето училиште, по потпишаниот меморандум за соработка со планински велосипедски клуб ,,Оксижен”
Денеска, 11.02.2019г. пред учениците од VI одд. се одржаа едукативни и интерактивни предавања за спортски активности ( велосипедизам) и охрабрување на младите да бидат што повеќе физички активни. Оваа активност е прва од планираните активности од проектот, кој го сметаме за исклучително значаен за здравјето и развојот на нашите ученици!
На покана на директорката Лидија Пешевска, советничка од БРО, Сања Димитријевиќ во нашето училиште ја организираше обуката за е-Твининг платформа. Предавач на обуката беше Габриела Стојановска, амбасадор на е-Твининг платформа кој ги упати наставниците за предноста која ги нуди оваа платформа при повржување и споделување на искуства со наставници и ученици од други држави. Оваа платформа е една од многуте кои се користат во ЕРАЗМУС+ проекти и овозможува полесно пронаоѓање на проектни партнери. Голема благодарност до спроведувачите на обуката!
Еразмус+ проект ESCEI го доби официјалното лого. Учениците од Италија и Шпанија направија одлична комбинација од нивните победнчки цртежи на натпреварот спроведен на нашата фан страна. Логото векторски беше обработено од наставникот Лидија Поповска
Второ место V-5 ООУ,, Кочо Рацин” Куманово во проектот подржан од ФФМ и ФУСМ ,,Фудбал во основните училишта во зима” – за lV I V одделение за Општина Куманово.