Archives January 2019

Недела на стари лица

По повод Недела на стари лица, учениците од 4 одд. го посетија Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” и ги разнежнија и разиграа срцата на штитениците на овој дом. Рецитираа песничи напишани специјално за оваа посета, хорчето и солистите пееја, драмската секција ја драматизираше ,,Овошна караница”, подарија прекрасни хамери, а на крај заиграа македонско оро. Браво за нашите ученици и нивните ментори и организатори на оваа посета и за покажаната грижа за постарите!

,,ФЛОРА И ФАУНА-ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“-2018

На 12-та меѓународна ликовна изложба за деца и младинци ,,ФЛОРА И ФАУНА-ИЗВОР НА ЖИВОТОТ И УБАВИНАТА“-2018, која се организира денеска во Скопје од страна на Детски ликовен центар, а под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, нашите ученици повторно најдобри.
Павел Милановски од 7-3 одд. со својот цртеж го освои првото место, а Анастасија Недељковиќ од 8-3 одд. второто место, под менторството на Далибор Јовановски.
Прво место освои и Дора Василевска од 5-1 одд. под менторството на Милка Ивановска. БРАВО НАШИ УМЕТНИЦИ!

Посета на градска библиотека ,,Тане Георгиевски”

Учениците од II одд. и III одд. ја посетија градската библиотека ,,Тане Георгиевски” и се запознаа со начинот на зачленување, врќање и чување на книги. Беа дочекани од гостопримливиот перонал на детскиот оддел и оддел за возрасни кои одговорија на сите можни прашања на љубопитните дечиња. Учениците од II одд. ги зедоа и своите први членски карти.

Лого на проектот GOAL!

Логото на Анастасија Спасевска од 8 одд. кое го претставуваше нашето училиште, нашиот град и нашата татковина е победник на натпреварот и стана официјално лого на проектот GOAL!
Училишните комисии од сите земји учеснички во Еразмус+ GOAL! проект: Шпанија, Португалија, Италија, Романија, Франција и Македонија гласаа за цртежите, без можност да гласат за својата земја. Македонија освои 42 поени, Шпанија 40, Франција 28, Романија и Португалија 26 и Италија 18 поени.
Честитки за креативноста на Анастасија и се надеваме дека оваа победа ќе го поттикне натпреварувачкиот дух на другите ученици! Креативност на Анастасија Спасевска беше препознаена од страна на петте партнер училишта и благодарение на неа GOAL! има прекрасно лого!

,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување“

На Републичка ликовна изложба: „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“-2018 год.во организација на Детски ликовен центар, а под покровителство на ЕУРО-ЕКОПАК-Скопје, нашите ученици под менторство на Марија Милановска и Далибор Јовановски ја освоија третатата награда. Макетатата „Доктор Офболи“, како и целата изложба, може да се посети од 21.12.2108г. -14.1.2019г. во ликовната галерија на Кинотека на Македонија. Браво за менторите и учениците!