Archives January 2019

Еразмус + проекти

Среќа и задоволство е да Ве информираме дека следните две учебни години 2018/19 г. и 2019/20 г. ќе соработуваме со 10 училишта на два Еразмус + проекти. Првиот проектот се нарекува GOAL (Games of a Lifetime) – Учење преку игри. Носител е училиште од Франција, а ќе се соработува со училишта од Португалија, Шпанија, Италија (Сицилија) и Романија.
Вториот проект се нарекува ESCEI (European Scholar Congress on Environmental Issues) – Европски научен конгрес за екологија и животна средина. Носител е училиште од Шпанија, а ќе се соработува со училишта од Италија (Сицилија), Романија, Полска и Хрватска.
Нашите ученици и тимовите на наставници ќе имаат уникатна можност за размена на искуства, стекнување нови вештини и знаења, проширување и продлабочување на знаења и компетенции преку соработка со ученици и наставници од 10-те училишта. Чест ни е што два пати ќе бидеме домаќини на наставници и ученици од сите партнер училишта и ќе ги промовираме сите квалитети на нашето Училиште, а воедно и општина Куманово во меѓународни рамки.
Со среќа на кооринаторот Анита Димовска и на тимовите од наставници и ученици!

„Избери го вистинскиот спорт“

„Избери го вистинскиот спорт“- прекрасен спортски настан за ученици од второ одделение организиран од Агенција за млади и спорт, а поддржана од Општина Куманово, Сојуз на спорстките федарации на Македонија и Факултет за физичко образование, спорт и здравје. Пред учениците со мотивирачки говор се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски, а физичките активности беа водени од страна на професори и студенти од Факултетот. Како награда, нашите најмали спортисти добија донација од спортска опрема!

Меморандум со ,,Чекор по чекор”

Потпишан Меморандум за соработка меѓу училиштето ,,Кочо Рацин” Куманово, од страна на директорката Лидија Пешевска и Фондација за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор”- Македонија. Со овој меморандум ќе се овозможи ефикасна соработка меѓу Училиштето и Фондацијата со цел спроведување на проектот ,,Инклузивни партнерства во заедниците”, финансиран од Европската Комисија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Games of a Lifetime

Две учебни години 2018/19 г. и 2019/20 г. ќе соработуваме со 5 училишта на  Еразмус + проект. Проектот се нарекува GOAL! () – Учење преку игри. Носител е училиште од Франција, а ќе се соработува со училишта од Португалија, Шпанија, Италија (Сицилија) и Романија.

Меморандумот за соработка со „Фото клуб Куманово“

По потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу нашето училиште и Фото клуб Куманово на 7.11.2018 г., веднаш започнаа креативните активности меѓу членовите и ученици. Членовите на Фото клуб Куманово, Мила Златановска и Наум Цветковски, пред учениците од секцијата презентацентираа на тема ,,Композиција”. Се надеваме на успешна и креативна соработка.