Дека постои огромна потреба да се дебатира, да се разменат мислења и ставови меѓу учеиците, наставниците, стручната служба, покажа и денешната дебата на тема: ,,Насилните игри прeдизвикуваат насилство меѓу децата”. Дебатата беше организирана од педагогот Сашка Стаменковска и наставникот Катерина Костадинова, реализирана од учениците од 8-3 одд., поддржана од педагошко-психолошката служба, наставиниците и од директорката на училиштето. Оваа дебата е прва од петте предвидени во 8 одд. со намера да се допре до суштинските проблеми со кои се соочува современиот начин на живот, а со тоа и воспитната компонета во образованието на нашите ученици.
На 19 декември 2018 г. во училишната медијтека 8-1 одд. дебатираше на тема:,,Позитивни и негативни страни на интернетот”. Оддлично осмислена дебата со исцпрени и поткрепени ставови од двете страни. Со темата се отворија многу прашања за начин на комуникација меѓу учениците.
На 30.1.2019г. во 8-4одд. се реализира дебата на тема: Со кого си-таков си! И оваа дебата покажа дека постојат различни мислења, спротивставени страни и многу зрели разлислувања од страна на нашите осмоодделенци. Убавината на овие дискусии е разновидните ставови слушнати од страна на учениците, наставниците, стручната служба и дебатирање и поткрепено бранење на своите ставови!
На 12.2.2109г се одржа дебата во 8-2 одд. на тема ,,Детството на нашите родители било поубаво од денешното” поттикна плодна дискусија.Тимовите на афирмација и негација ги спротивставија своите ставови и се бореа за своето мислење.
,,Изгледот за младите е најважен” беше последната дебата реализирана на 20.2.2019г. во осмо одделение под менторството на Катерина Костадинова и Сашка Стаменковска. Учениците од 8-5одд. одлично ги бранеа своите ставови за тоа колку изгледот е важен за младиот човек. Тимовите на афирмација и негација поттикнаа уште многу теми и дилеми. Браво за учениците од 8 одд. и менторите, кои преку дебатата овозможија да се слушне мислењето и ставовите на младите луѓе, на нашата иднина!
По повод 3 Декември-светскиот ден на лица со попреченост и 6 декември-роденден на „Порака наша“ нашите претсавници го посетија центарор за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“. Соработката, по потпишаниот Меморандум, продолжува и се надоградува со разновидни активности…
На 23 ноември 2018г. беше посетен погонот за производство на млеко и млечни производи ,,Здравје -Радово” Куманово. Благодарност до управата на млекарата и вработените Мери и Кире кои беа љубезни да им објаснат на учениците од 8 одд. за начинот на обработка на млеко и млечни производи! Браво и за професорка Зденка Димиќ која наставниот материјал го поврзува со пракса!
Училишната медијатека беше преполна со осмоодделенци, членови на училишниот клуб на Црвен крст, кои беа заинтересирани за предавање на тема ,,Трговија со луѓе”, организирано од Црвен крст и педагогот Сашка Стаменковска. Учениците се запознаа со самиот поим, потенцијалните жртви, интернет измамите и уцените кои се продукт на модерното време. Гледаа и едукативен филм преку кој дознаа за сите замки кои можат да им се случат во секојдневната комуникација.
Во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, учениците од 8 одд. заедно со нивните наставници ја посетија црквата „Св.Спас“, гробот на Гоце Делчев, Археолошкиот музеј на Македонија и Научниот саем организиран во „Сити мол“. Сите беа презадоволни од виденото и доживеаното!