Archives 2018

Голем одмор

Учениците од нашето училиште на 28.03.2018г. гостуваа во МТВ, во емисијата „Голем одмор“. Во една опуштена атмосфера, достоинствено го претставија нашето училиште! Браво за сите!

Изложба „Сложувалка“

22.03.2018 г, во холот на училиштето беа доделени пофалници на ученици кои учествуваа на конкурсот за лого на проектот„Сложувалка“, кој се реализира во соработка со МОБИЛНОСТ-Куманово, а е финансиран од Фондација Отворено општество-Македонија . Во пријатна атмосфера, во присуство на родители, ученци и наставници, учениците ги примија пофалниците и ја погледнаа изложбата. Мотивирани ученици, задоволни наставници- тоа е нашата цел!

Даунов синдром

По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, денеска на 21.03.2018г. од 11:30 до 12:30 часот на градскиот плоштад, волонтерите од нашето училиште заедно со дефектологот Росица Трајковска и наставникот Анита Димовска, пружија повторно поддршка и помош на нашите пријатели од „Порака наша“
Со заинтересираните сограѓани, се фотографираа со Мики и Даце со шарени чорапчиња, шарени нокти, шарени чадорчиња и направија шарени фотографии кои означуваат дека само свет на различности може да биде толку шарен и убав. Волонтерите од нашето училиште и овој пат покажаа дека ги прифаќаат овие лице од глава до петици, без предрасуди и без бариери.
Меѓународниот ден на лица со Даунов синдром е востановен во 2006 г., а датумот не е случајно избран, 21-от ден од 3-от месец во годинава е симболично избран за да ја означи трипликацијата на 21-от хромозом кој предизвикува Даунов синдром.

Предавање од СВР Куманово

Во рамки на проектот „Заеничка грижа за првавилно насочување на учениците“, на 20.03.2018г. во училиштето се реализираа две предавања од страна на СВР-Куманово, Одделение за превенција.
Првото предавање беше наменето за ученици од петто одделение на тема „Движење со велосипед во сообраќајот“, а второто предавање беше реализирано со ученици од седмо и деветто одделение на тема: Правата на децата, но и нивните обврски, заштита на лични податоци на социјалните мрежи и деликвентно однесување“. Темите побудија голем интерес меѓу учениците кои се запознаа со правата, обврските на децата и заштитата од деликвентно однесување.
Голема благодарност до СВР Куманово Оделение за превенција, кои секогаш се расположени за соработка и дополнителна едукација на нашите ученици!

Сребро за кошаркари

Стефановски Ненад, Лука Перица, Вучковски Милош, Трендевски Здравко, Јовановиќ Христијан, Митковски Дамјан, Кузмановски Матеј. Димитриевски Лука, Станковски Марко, Јовановиќ Милош, Стојановски Леонид и нивната менторка Сузана Николовска се нашата гордост! И овој пат на Државното првенство во кошарка, организирано од нашето училиште освоија медал-СРЕБРО! Во полуфинале игравме со ООУ„Гоце Делчев“од Кавадарци, а во финале со ООУ„Кочо Рацин“Скопје. Заслужено го зедоа второто место на ниво на Државата! БРАВО УЧЕНИЦИ, ВИЕ СТЕ НАШАТА ГОРДОСТ!