Учениците од 8 одд. со менторот Далибор Јовановски повторно најкреативни во Општината. На конкурсот распишан од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, „Шарено јајце“, ја добија првата награда за колекција на шарени велигденски јајца.
Успешен Велигденски базар! Учениците, наставниците, родителите и овој Велигденски базар се потрудија да биде разновиден, разнобоен, вкусен и декоративен. Голема благодарност до сите посетители и учесници на базарот!
На 02.04.2018г. учененичката заедница од 5 одд., координирана од педагогот Сашка Стаменковска и учителките од V одд., реализираа велигденска работилница со пријателите од „Порака наша“. Заедно, во тимови изработија прекрасни декорации кои ќе бидат продавани на Велигденскиот базар! Благодариме „Порака наша“!
На 29.03.2018г. беше одржана интерактивна ликовна работилница под име „Сите сме дел од нашата сложувалка“, како дел од проектот „Сложувалка“, кој се реализира во училиштето заедно со Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет „МОБИЛНОСТ Куманово“. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество Македонија. На работилницата учествуваа 22 ученици од 8 и 9 одд., 7 членови од Здружението, придружувани од нивните родители, како и претставниците од самото Здржение. Работилницата се состоешеше од забавни игри за запознавање, творење, цртање, боење… Како краен продукт на работилницата беше изработено уметничко платно, беше закитено дрвото на пријателството со прекрасни пораки и најважното- се здобивме со нови пријатели, не поинакви од нас, туку напротив многу слични со нас, но со малку поинакви потреби! Работилницата беше координирана од страна на: Далибор Јовановски, Анита Димовска, Ивана Ѓорѓиевска и Росица Трајковска.