Осмоодделениците поддржани од нивните наставници, денеска ја раздвижија атмосфетата меѓу учениците и наставниците со продажен базар на колачиња и го одбележаа Денот на вљубените. Домашни колачиња направени од ученици, мајки, баби во секакви бои и најчесто во форма на срциња беа достапни за сите ученици од првата смена. Секој бараше колаче по своја мерка и секој можеше да си дозволи барем по едно. На крај базарот беше прогласен за успешен, целта да се собере некој динар за потребите на ученичката заедница- остварена и секој засладен излезе од училиштето. Благодарност до секој ученик, родител, наставник, кои го направија овој ден поинаков од другите!
Со цел откривање на талентирани ученици во изразно читање, училишната библиотека „Фиданка“ на 06.0.2018 г. го организира и реализира училишниот натпревар во изразно читање на ниво на генерации. Комисија во состав: Ивана Ѓорѓиевска, Маја Стојановска, Тања Стоилковиќ, Ана Маниќ, Марина Крстиќ, Росица Трајковска имаше тешка задача, но одлучи да ги додели следниве места на најистакнатите ученици на ниво на генерација: II одд. Пела Божиновска 2-2одд.- I место, Лазар Цветковски 2-1 одд. -II место, Лусија Драгевска 2-4 одд. – II место, Јована Костадиновска 2-3 одд.- III место, Дарио Краљевски 2-5 одд. -III место, III одд. Андреј Ангеловски 3-5 одд.- I место, Ксенија Стојанова 3-4 одд. – II место, Евгенија Атанасовска 3-3 одд. – II место, Милан Каранфиловски 3-2 одд. – III место, Евгенија Вељановска 3-1 одд. – III место, IV одд. Нина Вукановска 4-3 одд. -I место, Илина Арсовска 4-4 одд.- II место, Елеонора Серафимовиќ 4-1 одд.- II место, Матеј Илиевски 4-2 одд. -III место, Сара Јакимовска 4-5одд.- III место, V одд. Михаела Трајковска 5-1 одд. – I место, Лука Димовски 5-2одд. – II место, Илина Радевска 5-3 одд. – II место, Горазд Тимчевски 5-4 – III место, VI Марија Ѓошевска 6-5 одд. – I место, Милан Михајловски 6-4 одд. – II место, Ања Благоевска 6-3 одд. -III место, Симона Додевска 6-2 одд.- III место, Лана Јовановиќ 6-1 одд.- III место, VII Ева Зарковска 7-3 одд. -I место, Ева Стајковска 7-1 одд. -II место, Анастасија Спасевска7-4 одд. – II место, Те одора Павлевска 7-2 одд. -III место, Мила Јовановска 7-5 одд. – III место, VIII Кристина Алексовска 8-5 одд.- I место, Тамара Кипријановска 8-5 одд.- II место, Леонтина Илиевска 8-3одд.- II место, Нина Јовановска 8-3 одд.- III место, Сара Стојановска 8-4 одд. -III место, IX Марија Митковска 9-4 одд.- I место, Софија Бојковска 9-5 одд.- II место, Ени Христовска 9-3 одд.- II место, Мила Стошиќ 9-1 одд. -III место, Јована Милетиќ 9-2 одд. -III место. Браво за нашите ученици и секако нивните ментори! Од нив зависи иднината и успесите на нашето училиште!