Archives 2017

Донација на сообраќаен полигон од „ОКТА“

Претставниците на ОКТА во рамки на проектот „Јас внимавам“ реализиран во соработка со МВР, на 28.09.2017г. го посетија нашето училиште и донираа сообраќаен полигон. На оваа едукативна работилница беше присутен и градоначалникот Зоран Дамјановски и претставниците од Општината како и медиумите. Учениците од прво и второ одделение соработува, одговараа и покажаа дека ги разбираат сообраќајните правила и прописи наменети за пешааците и за велосипедистите. Сообраќајниот полигон ќе биде ефективно искористен во образовниот и воспитниот процес на учениците. Голема благодарност на ОКТА!

Промоција на проектот „Едно сонце за сите“ во Словачка

Прoектoт ,,Едно сонце за сите” на ООУ “Кочо Рацин” Куманово со пaртнерите “Порака Наша” и “Национален ромски центар” денескa, на 27.09.2017г.пред другите учесници беше претстaвен oд стрaнa нa кooрдинaтoрите: нaстaвникoт Анитa Димoвскa и ученичкaтa Дени Нaкoвскa на Академија на централно-европски училишта *ACES – act local* вo Слoвaчкa! Брaвo зa нaшите претстaвници!

ПОУ „Кочо Рацин“ с.Габреш

ПОУ „Кочо  Рацин“с.Габреш

Темелите на оваа училиште се поставени во 1960 год. кога е пуштено во употреба под име ОУ „Јане Сандански“. Низ него поминале многу  ученички генерации. Во 1988 год. станало ПОУ„Св.Кирил и Методиј“ с.Габреш, а во  2004 год. станува ПОУ„ Кочо Рацин“ Куманово. Оддалеченоста на ООУ„Кочо Рацин“ Куманово до  ПОУ с.Габреш е околу 25км.

Во дамнешно време  Училиштето броело голем број ученици, но поради иселување на луѓето  за подобра егзистенција,  бројот на ученици се намалувал.

Денешното училиште  во с.Габреш брои 3 ученика и тоа по еден во 2,4 и 5 одд. Во училиштето е вработен еден одделенски наставник, професор по англиски јазик, по природни науки и техничко образование во 5 одд. За хигиена е задолжен хигиеничар.

Настава се изведува  само во претпладневна смена. Училиштето располага со 2 училници.Настава се изведува во помала училница, а поголемата не е во функција.

Во понатамошен период  се надеваме на реновирање на училишна зграда, оградување на училишен двор и ставање во употреба уште една училница (канцеларија за наставници).

 

 DSC_0006  DSC_0003  DSC_0008(1)

Посета на Спомен куќа на Мајка Тереза

На големо задоволство на нашите ученици-деветтоодделенци, децата од Национален Ромски Центар и штитениците на „Порака Наша“ со почеток на учебната 2017/18 г., продолжи и реализација на проектот „Едно сонце за сите“.   На 22.09.2017г. шеесетина учесници, од трите партнер институции, уште во раните утрински часови организирано ја посетија Спомен куќа на Мајка Тереза. Кустосот на Музејот во детаљи раскажа за испосничкиот и пожртвуванот живот и многубројните дела која ги направила оваа голема хуманитарка. Раскажа за потеклото, за семејството, куќата,за нејзината посветеноста во лекувањето на смртно болните и помош на сиромашните. Посетителите разбраа за величината на делото на оваа голема хуманитарка која единствена од нашата земја ја има добиено Нобеловата награда за мир, а неодмна од Католичката црква е прогласена за светица. Задоволни од посетата, сите заедно го прошетавме плоштадот во Скопје, учениците уживаа во фотосесијата, дружењето и разгледувањето на спомениците. Сите заедно се вративме во нашето училиште и во мешани групи беа направени прекрасни хамери инспирирани од животот и делото на Мајка Тереза! Прекрасно поминат ден со нашите партнери, дружбата со нив е незаменлива и секогаш е поинаква и поинтересна!

Свечен прием на првачиња 2017г.

Љубопитни очиња, разиграни срциња, весели ножиња- такви беа нашите нови првачиња!
Нивните постари другарчиња ги дочекаа со игра и песна, директорката Лидија Пешевска ги поздрави и им посака добредојде и надеж дека од Училиштето ќе излезат како млади луѓе спремни за животот, психологот Кети Б. Доцевска ги посоветува и учениците, но и родителите, а учителките ги примија во нивните прегратки и во царството на училницата! Им подготвија мали подароци за успешен почеток, ги примија во подготвените училници, се запознава и им дадоа корисни упатства на родителите!
Убав почеток на уште една учебна година!
Директорката на Училиштето и вработените им посакуваат среќен и успешен почеток на учебната 2017/18 г. на СИТЕ УЧЕНИЦИ!

21272512_1502075933164243_6074785680727320278_n 21430433_1502078169830686_2577420441110168400_n 21371312_1502083053163531_8564268573122221444_n
 21371077_1502079479830555_2028165802847965443_n  21314852_1502079606497209_6287292546632100159_n  21317996_1502080109830492_516781756709432879_n
 21271058_1502084323163404_3097779946625386504_n  21271212_1502085403163296_2594480850178501819_n  21272540_1502085839829919_9095236694682177213_n

Дипломи и пофалници на најуспешните

На последниот училишен ден, директорката Лидија Пешевска во холот на училиштето ги додели дипломите и пофалниците на ученик на генерација Сара Конин и на учениците со континуирано оддличен успех. Континуирано оддлични ученици се:

Никола Младеновски,
Матеј Арсовски,
Ива Илиевска,
Ангела Јакимовска,
Ена Ланг Ангеловска,
Васил Стојановиќ,
Оливија Трајковска,
Калиопи Николова,
Вероника Димитриевска,
Марио Златановски,
Сара Конин,
Ива Петковиќ,
Ева Трајковска и
Александар Ѓорѓиевски

Пофалници за најуспешните ученици и наставници на регионални и државни натпревари од одделенска настава.

Пофалници за најуспешните ученици и наставници на регионални, државни и меѓународни натпревари од предметна настава.

Пофалница за наставникот Анита Димовска за потикнување на креативност, иновативност и хуманост кај учениците!

 19024924_1419659098072594_4951487750593040638_o  18952973_1419659844739186_7543916892904907851_n  18921666_1419676951404142_8760470553759236761_n
 18952685_1419679978070506_6315643170362367969_n  18952862_1419679644737206_593004399523786457_n  18952730_1419678858070618_6874325893817363837_n
 19059222_1419678831403954_2739420515374631991_n  19059596_1419679764737194_7744154494889987055_n  19059230_1419676788070825_3668277951304490257_n
 19113992_1419690621402775_384430322201862105_n  19105752_1419676668070837_4073080615279821509_n  19059691_1419688991402938_8296579261912144782_n
 19029503_1419691478069356_4842696987116744933_n  19059177_1419680308070473_3902314826928586880_n

,,Музикaтa не пoзнaвa грaници”

Нa 31.05.2017г. вo училишниoт хoл се oдржa прекраснa музичкa манифестација пoд мoтoтo ,,Музикaтa не пoзнaвa грaници”, кaкo дел oд прoектoт „Еднo сoнце зa сите”. Прoектoт се реaлизирa вo сoрaбoткa сo ,,Пoрaкa нaшa” и Нaциoнaлниoт Рoмски Центaр, a носител е нaшетo училиште кoе е стaнa дел oд мрежaтa нa Центрaлни Еврoпски Училиштa. Кooрдинaтoр нa прoектoр е нaстaвникoт пo aнглиски јaзик Анитa Димовска. Учениците oд нaшетo училиште, зaеднo сo штитениците oд „Порaкa нaшa” и децaтa oд НРЦ, пред oкoлу 250 гoсти, рoдители, претставници oд лoкaлнaтa зaедницa, се претстaвијa сo двaесетинa песни испеaни нa македонски, aлбaнски, рoмски, српски, турски, шпански и aнглиски јaзик. Веселaтa атмосфера јa пoнесе публикатa и уште еднаш се дoкaжa декa музикaтa не пoзнaвa грaници! Со голем ентузијазам и посветеност работевме за прекрасен почеток на проектот „Едно сонце за сите“. Но без нашите пријатели од „Порака наша“ и од НРЦ, без нашите надарени ученици и поддршката која ја добивме од Директорката и родителите, оваа музичка манифестација немаше да биде толку величенствена!

 18893364_1410084339030070_257298985874794734_n  18767376_1410085962363241_3423055613994722872_n  18835578_1410085392363298_2049830414622813716_n
 18767805_1410085525696618_6025762952468662764_n  18767495_1410086012363236_3629259965301384345_n  18881719_1410085265696644_3204983537063583204_n
 18920475_1410085582363279_7421320724097056518_n  18813363_1410085429029961_1639846764048616772_n