Archives December 2017

Завршна манифестација„Едно сонце за сите“

Весело започна, уште повесело заврши проектот „Едно сонце за сите“! Во присуство на претставници на локалната заедница, родители, наставици, соработници и ученици на 21.12.2017 г., тимот координиран од Анита Димовска ја презентираша својата повеќемесечна работа. Музичка манифестација,спортска, ликовна и литературна работилица, патувањето во Словачка и посетата на знаменитости во Скопје, беа презентирани на видеото и во Сончевото катче. Меѓусебното дружење со „Порака наша“ и НРЦ се најголемите придобивки од овој Проект. Нашите ученици од 8 и 9 одд. уживаа во секој миг од осмислените активности и научија многу – научија да прифаќаат, да почитуваат, да помагаат и да сакаат. Проектот си ја оствари целта, браво за сите нас!

Елколект

Учениците од II-2 одд. беа највредни за време на трањето на собирната акција за батерии и во присуство на претставници од Министерството за екологија и претставници од „Елколект“, беа наградени со пригодни награди!

Кумановски акцијаши

Михaил Димитриевски е ученик кoј сo прaвo јa нoси титулaтa Нaјдoбaр млaд вoлoнтер. Нa 05.11.2017г. нa свечена седницa, здужениетo. ,,Кумaнoвски aкцијaши” му јa дoдели диплoмaтa кoјa вистински јa зaслужувa!

3 Декември -Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Како дел од активностите по повод одбележувањето на 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Институт за дефектологија при Филозофски факултет од Скопје организира голема работилница за изработка на новогодишни честитки. Новогодишните честитки ги изработуваат студенти од Филозофски факултет, младинска група на Хелсиншки комитет за човекови права, Монтесори центар, ЗПЈС Перспектива Астерикс, Здружение Во Мојот свет, DOWN syndrome центар Македонија, ученици од ПОУ „Иднина“, ПОУ „Златан Сремец“, ДУЦОР „Партенија Зографски“, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Св. Наум Охридски“, ООУ “Кочо Рацин“ Куманово, ПСУ „Јахја Кемал“, NOVA и Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.
Нaшиoт дефектoлoг Рoсицa Илиевскa и учителкaтa Мaријa Милaнoвскa сo трoјцa ученици, учествувaa нa настанот и сo свoите изрaбoтки дoпринесoa зa успешнoстa нa нaстaнoт!