Archives November 2017

АЈДЕ ЗАЕДНО ДА ДАРУВАМЕ РАДОСТ!

,,Прoчитaв јaс- прoчитaј и ти! Се пoигрaв јaс- пoигрaј се и ти! ”
е дел oд прoектoт ,,Зaедничкa грижa зa прaвилнo нaсoчувaње нa учениците”. Oвoј прoект се реaлизирa сo пoмoш нa нaшите пријaтели oд ,,Микрoтим” кoи јa изрaбoтијa прекрaснaтa Куќичкa зa дoнaции сместенa вo хoлoт нa училиштетo. Спoделувaњетo и пoдaрувaњетo се нaвики кoи се стекнуваат уште вo нaјрaните гoдини кaј децата. Сo пoмoш нa Куќичкaтa зa дoнaции, a пoттикнaти oд нaс -врaбoтените и вaс- рoдителите, aјде дa јa рaзвиеме свестa кaј нaшите ученици! Дaрувaјте игрaчки и сликoвници, лектири, книги кoи веќе не ги кoристите, a кoи ќе зaвршaт вo вистински рaчињa! Oвaa aкцијa ќе трaе кoнтинуирaнo и е вo сoрaбoткa сo Црвен крст нa Кумaнoвo, Центар за социјални работи, Центар за ранлива категорија ученици и др.

Патронат 2017 година

На 24.11.2017г. во присуство на голем број гости, родители, ученици и пријатели, беше одбележан Денот на училиштето. Свежо цвеќе на бистата на нашиот Патрон положија Градоначалникот и голем број делегации од Општината. Свечената приредба се состоеше од неколку точки: Писма од Кочо Рацин во придружба на модерен балет, обраќање од Директорката, Лидија Пешевска,  хор-„Пијте смело“, оркестар- „Џипси меџик“ во придружба на класичен балет, рецитал од извадоци од поезија на Кочо Рацин, две точки од одделенска настава и македонско оро. Присутните беа воодушевени од приредбата, по која следуваше коктел.

Прекрасен настан, со прекрасни гости, со прекрасни ученици, со прекрасни наставници, со прекрасна Директорка!
На сите ученици, наставниции вработени во ООУ „Кочо Рацин“ Куманово, нека ни е честит Патрониот празник!

Литературно читање по повод Патрониот празник

На 22.11.2107г. пред вработените и родителите, педесетина наградени ученици на ликовен и литературен конкурс распишан по повод Денот на училиштето од библиотека „Фиданка“, приредија вистинско задоволство и за око, и за уво, и за срце. Уживавме во прекрасната поезија, во преубавите цртежи и во музиката на Ана и Леа. Голема благодарност за големиот интерес за оваа манифестација, оргнизирана од библиотекарката Ивана Ѓорѓиевска. Како што доликува, нашите ученици чекорат по стапките на нашиот Патрон, Кочо Рацин- најголемиот великан на македонската поезија!

Ликовна колонија

По повод Патрониот празник на 21 11.2017г се реализира прва ликовна колонија под организација на ликовниот педагог Далибор Јовановски. На колонијата учествуваа пет основни училишта со најталентираните ученици и нивните ментори. Оваа година учениците сликаа на тема „Есен во ноќта“, со темперни бои на платно. Дружењето и креативната енергија, придонесоа амбиетот да биде прекрасен. Успешна колонија, која се надеваме ќе стане традиција за нашето училиште! Уметничките дела се изложени во училиштето. Повелете посетете не и уживајте во убавината која само уметниците можат да ви ја приредат!

Спортски ден по повод Патрониот празник

Со спортски натпревар, денеска започна празнувањето на Патрониот празник. Со резултат 6:5 наставниците ја славеа победета. Натпреварот беше полн со неочекувани пресфрти во играта.И двете екипи го дадоа својот максимум, но победија поискусните. Браво за спортскиот дух и на учениците и на наставниците!