Archives October 2017

Спортски ден под мото -Сите сме шампиони

Проектот „Едно сонце за сите“  на 25.10.2017г. повторно ги развесели и активира учениците од IX одд., децата од НРЦ и штитениците на „Порака наша“. Во спортската сала беа реализирани неколку спорски активност. Натпреварите измамија само насмевки и позитивна енергија, а работата во мешани тимови ги обедини учесниците кои и овој пат покажаа дека не постојат победени и победници, бидејќи спортскиот дух и толерантноста нè прави СИТЕ ШАМПИОНИ!
Голема благодарност до нашите наставници по ФЗО кои го осмислија и организраа настанот!

Посета на „Св. Пантелејмон“ и комплексот „Македонско село“

На 20.10.2017г.(петок) учениците од IX одд. го искористија прекрасниот есенски ден и заедно со нивните класни раководители и директорката Лидија Пешевска ги посетија црквата „Св.Пантелејмон“ и комплексот „Македонско село“. Оваа прошетка е дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ и е дел од Годишната програма на Училиштето. Во Црквата учениците беа пречекани од кустосот кој им објасни дека црквата датира од 12 в. и многу пати била уништувани и повторно градена, но дека голем дел од фрески се сочувани од тој период. Во Комплексот ги разгледаа16 различни типови и автентични градби на селски куќи изградени во традиционалниот дух на македонската архитектура од XIX и XX век. Ги посетија работилниците со стари занаети:кујунџиската работилница (изработка на накит), грнчарска работилница, ткајачница и винарската визба. Групно го посетија и Етнолошки музеј и се запознаа со различни видови носии, накити од области низ Македонија. Прошетката беше еден прекрасен начин да се запознае нашата убава земја завиткана во најубавите бои на есента.

Дискриминација не- во моето училиште

На 17.10. 2017г. во училишниот хол се одржа дебата по повод кампања „Дискриминација -не во моето училиште“. На дебатата присуствуваа пеесетина ученици од 7 и 9 одд. кои активно се вклучија во дебатата со прашања и свои размислувања. На учениците им се обратија: Наташа Крушиќ од Сектор за образование, директорот Лидија Пешевска, администратор за превенција за социјална заштита Тања Стефановска и Заменик народен правобранител Насер Васели. Проектот е подржан од ГИЗ-Германско интернационално друштво, а реализарон од Општински центар за социјални услуги при Општина Куманово. Учениците во темата беа воведени со краток анимиран филм „Сите како едно“.

Ликовна работилница „Едно сонце за сите“

На 13.10.2017г. во дворот на Училиштето, учениците од 9 одд. од ликовната секција „Ван Гог,“заедно со децата од НРЦ и штитениците на „Порака наша“, под организација на наставникот по ликовно образование Далибор Јовановски, реализираа прекрасна есенска работилница „Едно сонце за сите“ од истоимениот проект. Во мешани групи беа избоени 16 платна и 3 маици, како дел од мозаичната слика -Едно сонце за сите. Задоволството од една ваква несекојдневна и креативна работилница беше огромно. Есенските бои во училишниот двор, соработката со другари од пратнер организациите, даваа дополнителен елан на учесниците за нивното најдобро уметничко остварување. Работилницата беше поздравена од сите минувачи кои љубопитно набљудуваа и позитивно коментира.

Литературно читање „Едно сонце за сите“

ООУ„Кочо Рацин“, „Порака наша“ и НРЦ повторно со заедничка активност! На 6.10.2017г. не спои убавиот, пишан збор и дознавме дека сите ние, без разлика на возраста, бојата, верат, посебноста имаме право на исто сонце! Во училишната медијатека беа прочитани наградените прозни и поетски творби на македонски, англиски јазик од нашите ученици, а штитениците на „Порака наша“ ја прочитаа творбата напишана со заеднички сили и заеднички чувства, не израдуваа и децата од НРЦ кои ја збогатија манифестацијата со лични творби на ромскиот јазик. Сплотени чувства, искрени реакции, пишаниот збор сите не разнежни, уметноста не спои! Прекрасно дружење, поддржано од директорката Лидија Пешевска, организирано од Ивана Ѓорѓиевска, координирано од Анита Димовска, а реализирано заеднички со НРЦ и „Порака наша“!