Archives September 2017

ПОУ „Кочо Рацин“ с.Габреш

ПОУ „Кочо  Рацин“с.Габреш

Темелите на оваа училиште се поставени во 1960 год. кога е пуштено во употреба под име ОУ „Јане Сандански“. Низ него поминале многу  ученички генерации. Во 1988 год. станало ПОУ„Св.Кирил и Методиј“ с.Габреш, а во  2004 год. станува ПОУ„ Кочо Рацин“ Куманово. Оддалеченоста на ООУ„Кочо Рацин“ Куманово до  ПОУ с.Габреш е околу 25км.

Во дамнешно време  Училиштето броело голем број ученици, но поради иселување на луѓето  за подобра егзистенција,  бројот на ученици се намалувал.

Денешното училиште  во с.Габреш брои 3 ученика и тоа по еден во 2,4 и 5 одд. Во училиштето е вработен еден одделенски наставник, професор по англиски јазик, по природни науки и техничко образование во 5 одд. За хигиена е задолжен хигиеничар.

Настава се изведува  само во претпладневна смена. Училиштето располага со 2 училници.Настава се изведува во помала училница, а поголемата не е во функција.

Во понатамошен период  се надеваме на реновирање на училишна зграда, оградување на училишен двор и ставање во употреба уште една училница (канцеларија за наставници).

 

 DSC_0006  DSC_0003  DSC_0008(1)

Посета на Спомен куќа на Мајка Тереза

На големо задоволство на нашите ученици-деветтоодделенци, децата од Национален Ромски Центар и штитениците на „Порака Наша“ со почеток на учебната 2017/18 г., продолжи и реализација на проектот „Едно сонце за сите“.   На 22.09.2017г. шеесетина учесници, од трите партнер институции, уште во раните утрински часови организирано ја посетија Спомен куќа на Мајка Тереза. Кустосот на Музејот во детаљи раскажа за испосничкиот и пожртвуванот живот и многубројните дела која ги направила оваа голема хуманитарка. Раскажа за потеклото, за семејството, куќата,за нејзината посветеноста во лекувањето на смртно болните и помош на сиромашните. Посетителите разбраа за величината на делото на оваа голема хуманитарка која единствена од нашата земја ја има добиено Нобеловата награда за мир, а неодмна од Католичката црква е прогласена за светица. Задоволни од посетата, сите заедно го прошетавме плоштадот во Скопје, учениците уживаа во фотосесијата, дружењето и разгледувањето на спомениците. Сите заедно се вративме во нашето училиште и во мешани групи беа направени прекрасни хамери инспирирани од животот и делото на Мајка Тереза! Прекрасно поминат ден со нашите партнери, дружбата со нив е незаменлива и секогаш е поинаква и поинтересна!

Свечен прием на првачиња 2017г.

Љубопитни очиња, разиграни срциња, весели ножиња- такви беа нашите нови првачиња!
Нивните постари другарчиња ги дочекаа со игра и песна, директорката Лидија Пешевска ги поздрави и им посака добредојде и надеж дека од Училиштето ќе излезат како млади луѓе спремни за животот, психологот Кети Б. Доцевска ги посоветува и учениците, но и родителите, а учителките ги примија во нивните прегратки и во царството на училницата! Им подготвија мали подароци за успешен почеток, ги примија во подготвените училници, се запознава и им дадоа корисни упатства на родителите!
Убав почеток на уште една учебна година!
Директорката на Училиштето и вработените им посакуваат среќен и успешен почеток на учебната 2017/18 г. на СИТЕ УЧЕНИЦИ!

21272512_1502075933164243_6074785680727320278_n 21430433_1502078169830686_2577420441110168400_n 21371312_1502083053163531_8564268573122221444_n
 21371077_1502079479830555_2028165802847965443_n  21314852_1502079606497209_6287292546632100159_n  21317996_1502080109830492_516781756709432879_n
 21271058_1502084323163404_3097779946625386504_n  21271212_1502085403163296_2594480850178501819_n  21272540_1502085839829919_9095236694682177213_n