Archives January 2017

Предновогодишно во „Порака наша“

Рачно изработени честитки, новогодишни колачиња, донација од слаткарница „Грими“, плетеници со имиња на штитениците и најважното- пријателска детска насмевка го исполни домот на „Порака наша“. Со радосни лица, расположени за дружба не дочекаа, разговара, се дружеа и се радуваа на нашите подароци. Прекрасни моменти поминети со прекрасни луѓе! Учениците беа воодушевени од комуникативноста и срдечноста на штитениците и договорија средби еднаш месечно со осмислени игри и забава. Вакви мигови го збогатуваат човечкиот дух. На сите од „Порака наша“, Ви посакуваме Среќна Нова 2017година!

 

 DSCN0206_640x480  DSCN0207_640x480  DSCN0219_640x480
 DSCN0221_640x480  DSCN0226_640x480  DSCN0244_640x480
 DSCN0261_640x480  DSCN0286_640x480  DSCN0275_640x480

Проект,,Уредување на училишен двор и спортско игралиште” во ПОУ с.Добрашане

Проектот ,,Уредување на училишен двор и спортско игралиште” во ПОУ ,,Кочо Рацин” с. Добрашане е дел од Годишната програма и е успешно реализиран во предвидените временски рамки.
Проектот опфаќаше уредување на училишен двор, спортско игралиште и училишен хол.
Активностите околу проектот ги реализираа наставници заедно со учениците и родителите. Голема благодарност до сите спонзори кои учествуваа во овој проект и ни овозможија да го реализираме успешно.
Наставници кои го реализираа проектот се: Ана Петрушевска, Невенка Цветковска, Весна Ангеловска, Сузана Диковска, Драган Додевски, Славица Божиновска со помош на техничкиот персонал Наташа Младеновска.

 DSCN0142_450x600  DSCN0145_800x600  DSCN0152_800x600
 DSCN0149_800x600  DSCN0156_800x600  DSCN0184_800x600
 DSCN0160_800x600  DSCN0161_800x600  DSCN0182_800x600

Посета на Планетариум и Природно-научен музеј во Скопје

На ден 21.12 2016 година се реализира посета на Планетариум и Природно научен музеј во Скопје. Оваа посета е планирана во Годишната програма на нашето училиште, во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“. Група од околу 150 ученици од осмо и шесто одделение, 5 родители и 6 наставници организирано со три автобуси успешно ја реализира посета. Одговорен наставници беа: Јасмина Петрушевска и Жаклина Пешевска, а наставници кои помогнаа во реализацијата беа: Далибор Јовановски, Катерина Костадинова, Зденка Димиќ и Анита Димовска. По завршување на претпладневната смена учениците заминаа за Скопје.
При посетата на Планетариумот учениците беа поделени во 3 групи. Тука се запознаа со вселената, Сончевиот  систем , нашата галактика Млечен пат и други астрономски поими. Свое излагање имаше стручно лице кое работи во планетариумот. Учениците на крајот поставија неколку прашања. Во текот на предавањето учениците не ги сокриваа своите воодушевувања и задоволство каде за првпат се срекаваат со визуелно претставување на вселената.
Потоа го посетија и Природно научниот музеј. Овдека учениците се запознаа со богатството на флора и фауна, ендемичните инсекти, растенија, риби и некои цицачи. Предавањето беше реализрано од дипломиран биолог. Тој ги запозна учениците со застапеноста на флората и фауната од најстариот период- архајската ера, па се до денес. Учениците во текот на предавањето поставуваа прашања за што добиваа соодветни одговори.
Секоја група наизменично ги посетуваше Музејот, Планетариумот, а имаа и 1 час време за прошетка во центарот на Скопје.Во 17 часот сите беа пред Училиштето, каде ги дочекаа школските автобуси.
Со оваа посета учениците ги проширија своите знаења од областа на географијата и биологијата,  беше зголемена мотивираноста за учење на овие предмети, но истовремено имаше и дружење,  кое е неопходно за подобрување на социјалниот и емоционалниот аспект кај учениците.
Одговорни наставнци беа:Јасмина Петрушевска и Жаклина Пешевска.

Посетa на Музејот на македонска револуционерна борба и Спомен куќата на Мајка Тереза

На ден 17.11.2016 г. со ученици од 7 и 9 одд. беше реализирана посета на Музеј на национална борба и Спомен куќа на Мајка Тереза. Целта на посетата беше учениците, наставниците и родителите преку заедничко дружење да се запознаат со историските настани од крајот на 19 и почеток на 20 век и да ја осознаат големата мисионерска улога на мајка Тереза.  Во посетата учествуваа 99 ученици, 4 наставници и 5 родители.
Во двата музеја водичите преку едночасовна презентација ги отсликаа настаните поврзани со овој историски период. Сите учесници беа многу внимателни и љубопитно слушаа за историските податоци. За време на посетата учениците беа многу заинтересирани и дисциплинирани и затоа беа пофалени од наставниците и родителите. По завршување на посетата сите безбедно се вратија дома со многу силни  впечатоци.Оддговорен наставник беше професорот по историја Дамир Ланг.

Завршна манифестација по повод Ден на Училиштето

По повод 25 ноември – Ден на училиште, подрачното училиште во с.Орашац беше домаќин на прославата по повод Патрониот празник на  училиштето ООУ „Кочо Рацин”. За подготовките околу прославата и приредбата активно учество зедоа сите наставници од подрачното училиште во с.Орашац. Културно – уметничкиот дел содржеше 11 точки, во кои беа опфатени сите ученици. Најмалите се претставија со рецитали, песнички и драматизации, додека поголемите со музички нумери „Две лири” и „Катюша”, изведба на сцени од „Бегалка” и „Зона Замфирова”, изведба на Пајдушко оро. Пред започнување со приредбата обраќање имаше директорката на  училиштето г-ѓа Лидија Пешевска. Се оддаде почит на патронот Кочо Рацин, се читаше реферат за неговите заслуги и достигнувања. На прославата беа присутни градоначалникот на општина Куманово г-динот Зоран Дамјановски, претставници од локална самоуправа, директори на основните училишта од градот, како и сите вработени од ООУ „Кочо Рацин”, родители, комшии.

 15192749_1217900984915074_2251476930245267147_n  15241852_1217901278248378_2991722108430236092_n  15284930_1217901401581699_1940480855283556423_n
 15253422_1217901861581653_3562429205131505270_n  15267876_1217902708248235_2912258982659406849_n  15134724_1217902298248276_7260846087230503159_n
 15178116_1217902381581601_7275213306104646636_n  15170959_1217902918248214_7229703868259343217_n  15178332_1217902511581588_6564650868854665416_n
 15219659_1217903214914851_2313139506534190371_n  15220092_1217902218248284_3793679338877216871_n  15253422_1217901861581653_3562429205131505270_n

Заедно цртаме и боиме

На 24.11.2016г. по повод Денот на Училиштето, беше реализирана работилница заедно со родители, ученици и наставници од партнер училиштето „Наим Фрашери“. На ликовната работилницата учествува најталентираните ученици и родители од нашето училиште од II-V одд. Оваа активност е дел о д проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ и МИО проект. Учителките Нина Јовановска и Милка Ивановска се погрижија за одличната организација. Родителите и учениците направија прекрасни ликовни дела на тема „Боите на есента“, кои се истакнати во холот на Училиштето. Голема благодарност за издвоеното време и за учеството во заедничката работилница!

 15179174_1217828488255657_569553118500035335_n  15193409_1217828758255630_765497409088433797_n  15193465_1217829348255571_5275199653719256537_n
 15202695_1217828934922279_5742112897077041872_n  15202701_1217836594921513_991767043916120334_n  15219982_1217836514921521_6043438587138083983_n
 15268085_1217836721588167_6380157922891476421_n  15232216_1217830961588743_4135198054681625422_n  15241769_1217835714921601_5364574218662861512_n

Поетско творење и средба со писатели

По повод Денот на Училиштето, на 22.11.2016г. во медијатека беше организирано поетско творење. На творењето учествуваа најталентираните ученици од IV до IX одд., кои твореа на тема-Шепотот на есента.
Најталентираните ученици имаа чест да се дружат со писателите од Друштво на писатели на Куманово. Во многу пријатна атмосфера писателите им ги прочитаа своите лични творби, но им дадоа и многу корисни совети за творење и презентирање на сопствените творбите.
Со помош на писателите беа изберени и најдобрите творби од литературното творење и тоа во две категории:
IV, V и VI одд.
1 место Лука Христовски
2 место-Лука Перица
3 место-Коста Крстевски

VII, VIII и IX одд.
1 место Теодор Грујиќ
2 место Неда Арсениевска
3 место Симона Поповска

Писателите беа пријатно изненадени од талентираноста на нашите ученици и на библиотека „Фиданка“ подарија по една збирка поезија од нивните публицирани изданија.
Голема благодарност до Друштво на писатели на Куманово кои ни ги збогатија активностите организирани по повод Денот на Училиштето.

 15192512_1211890388849467_6802715538047737021_n  15094261_1211888955516277_7679816496457237664_n  15181623_1211888858849620_8949316302263960770_n
 15094463_1211888885516284_1572661995013310061_n  15095687_1211890218849484_5672366805929851412_n  15179153_1211890135516159_4644034655109724722_n
 15220006_1211889468849559_4330278381904607870_n  15220130_1211891225516050_1811622934756323552_n  14054061_1211933368845169_1222902975327473377_n

Турнир во шах и кошарка по повод Ден на Училиштето

Заедно со учениците, наставниците и родителите од партнер училиштата ООУ„Кочо Рацин“ и ООУ„Наим Фрашери“, на 23 ноември во спортската сала на нашето училиште беше оддржан турнир во кошарка и шах. Победени и победници нема, сите добро се забавуваа и го дадоа својот придонес во реализација на оваа прекрасна спорска активност и сите заслужија пофалница. Браво за спортскиот дух кој секогаш ги зближува учениците, наставниците и родителите од двете партнер училишта.

 15181399_1211908155514357_2694564447496928555_n  15136002_1211908568847649_6317278563990540215_n  15181636_1211908535514319_998185971474092803_n
 15202738_1211908605514312_3530988794935331286_n  15203391_1211908412180998_5115374082440775331_n  15181204_1211908335514339_7709564857335139294_n
 15203280_1211908478847658_2303697358481645108_n  15193698_1211908942180945_995772696083652445_n  15095632_1211909422180897_161595141855433166_n
 14915649_1211909792180860_4629505440121974079_n

Гостување во Дом за стари лица „Зафир Сајто“

По повод одбележувањето на Недела на стари лица, ученици од III-IX одд. им приредија мала приредба на старите лица и и се обидоа преку песни, игри и глума да ги развесели.Учествуваа ученици, членови на литературни секции, на драмска секција предводени од наставникот по македонски јазик Маја Стојановска и библиотекарот Ивана Ѓорѓиевска.

 15202554_1211215708916935_2789926354334212294_n  15193478_1211215935583579_4544393879917598680_n  15179108_1211216085583564_2088316452341898839_n
 15181118_1211218775583295_4525264859319570158_n  15109441_1211217848916721_6725139901832546532_n  15094846_1211218495583323_7305679652586613146_n
 15094846_1211218495583323_7305679652586613146_n  15078823_1211219102249929_6310981870182941180_n  15079045_1211219175583255_2742800954102473471_n

Circle of Peace & Friendship

Со поетски творби и соодветни поетски слики, нашите ученици се вклучија во Circle of Peace & Friendship во светското здружение Global Youth Art. Учениците напишаа песни и нацртаа цртежи на тема за мир и пријателство. Прочитајте ги и погледнете ги! Прекрасни се!

 14993432_1201553263216513_2865024099416160429_n  14962747_1201553536549819_5314459226279085135_n  15037156_1201554383216401_8621779821412539383_n
 15073325_1201553429883163_3331184334127013668_n  15078978_1201554086549764_367464962341834896_n  15073307_1201554303216409_1584414403575021748_n
 15032153_1201553326549840_7819720558473017648_n  15032707_1201553943216445_5699055543423315939_n  14980573_1201553456549827_365869171386287441_n