ПОУ” Кочо Рацин” – с.Градиште Темелите на ова подрачно училиште се поставени некаде околу 1955г. а во функција е пуштено во 1960г. Тогаш под име „Кирил и Методиј” е во состав на училиште во с.Орашец. Низ него поминале многу ученички генерации и во тоа време училиштето броело голем број на ученици но со текот на времето бројот на жителите на оваа село се намалува а со тоа и бројот нс учениците. Од 2004г. оваа ПОУ од ,,Кирил и Методиј” се преименува во ПОУ„Кочо Рацин” и до ден денес е така. Одалеченоста од централното училиште до оваа подрачно е околу 23 км. Во ПОУ во с.Градиште во учебната 2017/18г. има 4 ученика, наставата се изведува во комбинирана паралелка. Во училиштето е вработен еден одделенски наставник, професор по англиски јазик, професор по природни науки и професор по техничко образование бидејќи наставата е од I до V одд. За хигиената во училиштето се грижи вработен хигиеничар. Наставата се изведува само во предпладневна смена. Во училиштето има две училници една е во добра состојба и се изведува настава, а другата не е функционална, исто така има и канцеларија. Во училиштето постојат потребни услови за посетување на настава. Во натамошниот период се надеваме на помош и мало реновирање со што ќе се обезбедат подобри услови за настава.
![]() |
![]() |
![]() |