ПОУ„Кочо Рацин“ – с.Биљановце

Темелите на ова подрачно училиште се поставени во 1961година, а во функција е пуштено 1965г. под името „Живко Чало“ и низ него поминале многу ученички генерации. Тогаш постоело како самостојно основно училиште, сè до 1983г. кога е преименувано во ПОУ „Кочо Рацин“ и до ден денес е така.

Во тогашното време училиштето броело голем број на ученици, но денес од разни причини и иселување на луѓето за подобра егзистенција, бројот  на учениците се намалува.

Денешното училиште во с.Биљановце брои околу 30 ученика кои се групирани во две комбинирани паралелки. Во училиштето се вработени два одделенски наставника, професор по англиски јазик, по природни науки и техничко образование, бидејќи наставате е до 5-то одделение. За  хигиената е задолжен вработениот хигиеничар. Наставата се изведува само во претпладневна смена. Училиштето располага со две училници и канцеларија. Во училиштето постојат потребните услови за посетување на наставата.

Во понатамошниот период се надеваме на мали реновирања и  изградба на игралиште каде ќе можат учениците да си ги покажат своите спортски способности.

IMG_20160125_074931_800x480 IMG_20160125_075014_800x480 IMG_20160125_074912_800x480
IMG_20160125_075026_800x480 ATT_1453711434330_IMG_20160125_075347_800x480 IMG_20160125_075306_800x480
11 (45) 11 (44)