директор

Директорот на училиштето во согласност со законските прописи и статутот на училиштето обавува раководна функција која бара темелен сериозен и одговорен пристап во работењето. Директорот го води училиштето во насока на трансформација и воведување иновации со цел подобрување на квалитетот на наставата и целокупното работење на училиштето.

Програмата за работа на директорот, претставува составен дел од програмата за работа на Училиштето и директорот ќе се насочи кон нејзина квалитетна реализација. Оперативнита задачи во програмата за работа на директорот ги опфаќаат активностите: раководење и управување (планирање и програмирање, координација упатства и контролирање извештаи, анализи и вреднувања, инфорирање, претставување), раководење на кадарот (надзор и контрола, поттикнување, вреднување и оценување, одржување ред и дисциплина, помош во надминување на проблеми, разрешување на конфликти), сопствен развој ( учење и усовршување, кретивност во работата, менаџирање во посебни услови и др.), обработка на информации (процена, вреднување, истражување, проверка и изведување заклучоци) и комуникација (соработка со локална средина и пошироко, комуникации во колективот, административни дописи, информирање за работата и постигнувањата и презентации)

Приоритети во работата на училиштето и на директорот се:

  1. Прилагодување на наставата според потребите на учениците
  2. Обезбедување на просторни и технички услови, дидактичкји материјали и опрема за наепречена реализација на наставата и воннаставните активности
  3. Меѓуетничка интеграција во образованието