Училишен натпревар- природни науки


На Државен натпревар по природни науки за IV одделение се освоија следниве награди: Јана Тасевска освои втора награда.Ангел Ангеловски освои втора награда, Миа Цветановска -учество.На Државен натпревар по природни науки за 5 одделение Јован Спасиќ освои трета награда
Училишен натпревар – математика

Уште еднаш докажавме дека сме најдобри. На 09.06.2023 година во просториите на ПМФ се одржа Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО 2023). Нашите ученици Илина Арсовска од 9-то одд. освои сребрен медал, Андреј Доневски од 9 одд освои бронзен медал, Лука Стојмановиќ од 8-мо одд. освои пофалница. Браво математичари наши, гордост на нашето училиште!
Училишен натпревар – физика

Државниот натпревар по физика, моите ученици заблескаа повторно. Сите седмина се вратија со награди.Од 9 – тите одделенија :1.Андреј Доневски I награда (98бода) 2.Сара Аго II награда 3.Илина Арсовска III награда 4.Константин Стојковски – пофалница 5.Петра Томовска – пофалница.Од 8-мите одделенија: 1.Лука Стојмановиќ I награда(90бода) 2.Тодор Стоичков – III награда.Андреј Доневски и Лука Стојмановиќ продолжуваат на квалификации за Светска Олимпијада на природни науки.
Литературен фестивал ,,Ракатки 2023″


Беше реализиран XIX Републички детски литературен фестивал “Ракатки” 2023. Деветнаесет години детски творења и детски радости, сплотени во грст творби, објавени во алманах „Ракатки-2023″. Ден исполнет со детските творби, детска возбуда и радост,возбудени и растреперени детски срца во училишниот двор на ООУ „ Браќа Миладиновци“ н.Аеродром -Скопје. Миа Јовановска се закити со уште една диплома за освоено трето место и уште еднаш докажавме дека секогаш сме на меѓу најдобрите.
Училишен натпревар -атлетика

Државно првенство се одржа за спортската дисциплина атлетика. ООУ “Кочо Рацин” Куманово ги постигна следните резултати:
1.Фрлање ѓуле-женски: Маша Арсиќ второ место; 2.Фрлање ѓуле-машки:Горјан Јакимовски прво место; 3.Скок во височина: трето место го делат Марио Пешевски и Ангел Арсовски; 4.Скок во далечина: убедливо прво место за Михаил Стошевски; 5.Штафета 4×100 машки прво место.
Училишен натпревар -географија

Награди за најдобрите ученици! Во сабота во Скопје се одржа државниот натпревар по географија. Учениците од 9-то одделение Матеј Илиевски со освоени 100 поени стана државен првак, а Ангела Јаневска со 98, 5 поени го освои третото место. Ученикот од 7 одделение Лазар Николовски со 95 поени се пласира на 5 место. Честитки до Вас што ни овозможивте да се чувствуваме горди и успешни!
Литературен конкурс -освоена II награда
На овој голем ден уште еднаш докажавме дека сме успешни како училиште. На литературниот конкурс во пишување есеј на темата”Јазикот наш денешен” во организација на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” од Скопје, нашата ученичка Елена Божиновска од 9-4 освои втора награда. Вака се чува и негува својот јазик.Честитки уште еднаш од .
Училишен натпревар- кошарка

На меѓуопштински натпревар во кошарка којшто се одржа за учениците од VII одд. и понижите одделенија нашата екипа го освои првото место. Честитки за учениците.
Посета на италијанскиот амбасадор во Општина Куманово



Средба со амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во рамки на одбележувањето на 30 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Македонија и Италија.Во Занаетчиски дом се одржа пригодна културно – уметничка програма, со изложбена поставка по повод 500 годишнината од смртта на Пјетро Ванучи, познат како Ил Перуџино.Ученици од ООУ “Кочо Рацин” Ангела Јаневска со менторот Анита Атанасовскa и од ООУ,, Браќа Микадиновци” настапија со поезија од италијански поети, а пред публиката беше интерпретирана и оперска арија, во изведба на музичките уметници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово и оперската пејачка Ивана Андоновска.
Ликовна работилница во Дом на култура ,,Трајко Прокопиев”


На ликовната работилница во Домот на култура ,,Трајко Прокопиев” , наши ученици добија пригодни подароци и освоени места: Јована Ангеловска – 1.место ,,Срничка”, Максим Антиќ – 3.место На остров”, a Даријан Смилевски- благодарница за учество ,,На зајдисонце”.Браво ученици на прагот на вистински уметници!
Холокаустот низ призмата на детските очи


На 29 мај во меморијалниот центар на холокаустот се одржа завршна манифестација .На литературен конкурс со тема „Писмо од Треблинка“ нашите ученички Миа Јовановска од 9-5 и Елена Божиновско од 9-4 добија благодарници за учество. Благодарница доби и нашето училиште и менторот на учениците.Им честитам на наградените и им благодарам на учесниците за вложениот трудот.
Светски ден на Даунов синдром

На ден 22.03.2023 год.нашите ученици беа во посета на Основното училиште со ресурен центар ,,Иднина” -Скопје.Со учениците беа и специјaлен едукатор, рехабилитатор и родителите.Голема благодарност и чест до ова училиште што не удостои со ваква покана и гостопримство..
Ученици од О.О.У. ,,Кочо Рацин” во посета на фабрика Mit Group Company
На ден 13.03.2023. год. училишниот парламент од нашето училиште со педагог Сашка Стаменковска и наставник по биологија Зденка Димиќ беа во посета на фабриката за рециклирање на хартија и производство на подлошки за јајца.Учениците се запознаа со целиот процес, почнувајќи од преработка на хартијата па се до финален производ.Наместо да се фрла хартијата и картонот и со тоа се загадува животната средина, треба истите да се рециклираат и повторно да бидат употребени.На таквиот начин ја зачувуваме животната средина и стануваме пријатели со неа.

Предавање „Жената во уметноста-денес”
На ден 21.02.2023 во пресрет на меѓународниот ден на жената 8-ми Март со покровителство на „Фото клуб Куманово ” во нашето училиште се одржа предавање на тема ,,Жената во уметноста – денес,, кое имаше за цел да ги разбуди креативните нишките кај нашите ученички.Гости на овој настан беа Александра Михајловска- актер,Ивана Јовановска Кузмановска -фотограф и Марина Атанасовиќ наставник -фотограф.Тука жените имаа едукативно излагање за инволвираноста на жената во сферите на општеството преку уметноста. По предавањето следуваше работилница од членовите на клубот.
Во нашето училиште беше одржана акција,,Куманово мој зелен дом” која имаше за цел да ја подигне свеста на жителите на Куманово за заштита и зачувување на животната средина.Нашето училиште го посетија Совет на Општина Куманово,Сектор за животна средина, Сектор за образование каде со училишните -еко тимови споделија информации и едукативни материјали за заштита и зачувување на животната средина.Во акцијата беше вклучен и тимот од Аутомакедонија со електричен еко-автобус.
На 07.10.2022 год.нашето училиште зеде учество во ликовната работилница во ,,ООУ 11 Октомври” во Куманово по повод Денот на училиштето на тема ,,Училиште 11 Октомври денес”.
На 14.10.2022 беше реализирана посета на Собранието на Р.С.Македонија и Спомен куќата на Мајка Тереза, од страна на нашите ученици и наставници.Учениците имаа прилика да добијат корисни информации за работата и функционирањето на Палатата на Собранието, Кабинетот на претседателот на Собранието,да ја посетат Пленарна и Тркалезна сала. Учениците добија информации за животниот пат на Мајка Тереза во посета на Спомен куќата на Мајка Тереза.
На ден 01.11.2022 год по повод ,,Месец на книгата ” нашето училиште го посетија гости-најмалите и најмилите дечиња од градинката ,,Ангел Шајче” клон ,,Пчелка” кои подоцна ќе бидат наши идни ученици.Овие дечиња се запознаа со работата на училишната библиотека ,,Фиданка”.