Училишна библиотека „Фиданка“
Училишната библиотека постои повеќе од триесетина години и претсавува културна ризница во која може да се најде литератуара од најдревните времиња, па се до денешната најсовремена литература.
Библиотека Фиданка е подарок добиен од ИРО ,,Мисла“ од Скопје во соработка со „Детска радост“ и МТВ. Книжниот фонд во далечната 1995г. бил 2500 книги, главно лектири, белетристика и стручна литература.
Денеска книжниот фонд значително е зголемен. Библиотека „Фиданка“ располага со околу 2400 лектирни изданија, 500 дела стручна литература и 6200 дела белитристика и друг вид на литература. Оваа бројка постојано се зголемува, а истата зборува и за големата посветеност на библиотекарите да ги привлечат учениците да членуваат во училишната библиотека(околу 500 членови) и како читатели, и како членови на секцијата ,,Млади библиотекар“.
Зголемениот книжен фонд е резултат на голем број активности и акции кои се спроведуваат од страна на библиотеката „Фиданка“, а ораганизирани од Млади библиотекари. Големата соработка со градската библиотека ,,Тане Георгиевски“ од Куманово, манифестацијата,,Прочитав јас, прочитај и ти!“, донации од страна на МОН, индивидуални донации од поединци, но и самофинансирањето при набавка на нови лектирни изданија, доведоа оваа библиотека да стане една од најбогатите училишни библиотеки од Куманово.
Библиотекарот со голема посветеност ја развива љубовта кон книгата уште кај најмалите. Секоја година децата од градинаката ,,Ангел Шајче“, клон „Кокиче“ се поканети на гостување во училишната библиотека и медијатека и преку презентација и ме се доближува улогата на медијатека и библиотека во училишниот живот.
Секоја година заедно со родителите се организира манифестацијата Прочитав јас-прочитеј и ти!, со цел размена на интересна литература и поголема соработка меѓу учениците, родителите и наставниците. На оваа манифестација не е изоставено и донирањето што претсавува и еден од начините за збогатување на книжниот фонд.
Од страна на библиотекарот секоја година се реализираат различни културни манифестации, на кои секогаш им предходат распишани литературни и ликовни конкурси. Највпечатливи до сега беа конкурси по повод 8 Март, по повод Ден на татко, по повод Ден на училиштето, по повод Светскиот ден на книгата. Веднаш по реализираните конкурси се прави манифестација за родители, на која се изложени ликовните дела, се читат литературните дена и се доделуваат награди за најдобрите, со што се буди натпреварувачкиот дух и кај учениците и кај наставниците.
Библиотека „Фиданка“ и секцијата Млади библиотекари во поново време станува двигател и стожер на сите кутурни манифестации кои се случуваат во Училиштето.
Библиотекар: Ивана Ѓорѓиевска