Оља Цветковиќ – Психолог во ООУ „Кочо Рацин“
Фросина Арсовска – Психолог во ООУ „Кочо Рацин“
Марина Милошевска Јакимовиќ – Педагог во ООУ „Кочо Рацин“
Работата на психологот во училиштето е тесно поврзана со животот и работата на учениците, како и работата на наставниците, со цел да се унапреди воспитно-образовната работа и да се креира позитивна училишна клима. За постигнување на целта редовно соработува со директорот на училиштето, наставниците, родителите и со разни институции кои имаат непосреден контакт со училиштето.
Улогата на психологот во работата со учениците се состои во подобрување на воспитно едукативната и социо-емоционалната компонента во нивниот живот. Тоа го постигнува преку советодавна работа со учениците, работа со ученици со посебни образовни потреби, со тешкотии во учење и ранливи групи ученици.
![]() |
![]() |
![]() |
Со учениците работи во група или индивидуално, во зависност од подрачјето на препознаените тешкотии. За да постигне промена презема различни интервенции насочени кон подобрување на учењето и однесувањето.
![]() |
![]() |
![]() |