Посета на детски фестивал ,,Златно славејче “

На ден 19.11.2015год.(четврток), 90 ученици од петто одделение од централното училиште и подрачните училишта заедно со своите одделенски наставници и 7 родители како претставници од секоја паралелка, организирано го посетија детскиот фестивал ,,Златно славејче“ 2016  во салата ,,Борис Трајковски” во Скопје.
Учениците тргнааа од пред училиштето во 11.00 часот, а таму пристигнаа во 12.00 часот со училишниот превоз кој ги чекаше и со истиот се вратија назад пак до пред Училиштето.
Децата беа задоволни од посетата и истата се реализира без никакви проблеми на задоволство и на самите ученици, а и на нивните наставници и родители.

Одговорен наставник Оливера Шутевска