Помошник директорот своите работни задачи ги реализира во континуирана соработка со директорот на училиштето, стручната служба, наставниците, административно-техничкиот персонал, учениците, родителите, локалната самоуправа.

Работата на помошник директорот на училиштето ги вклучува следните активности:

– Планирање, организирање и следење на воспитно образованата работа во училиштето преку учество во изработка на Годишна програма за работа на училиштето, Полугодишен и Годишен извештај за работа на училиштето, изготвување на Годишна програма за работа на помошник директор како и извештаи за својата работа.

– Следење и унапредување на реализацијата на наставата и вонаставните активности во училиштето преку следење на работата на наставниците со посета на часови, увид во годишните, тематските и дневните планирања на наставниците,  следење на примената на стандардите за оценување на учениците и увиди во начините на проверка на нивните постигања, следење на реализацијата на дополнителната и додатната настава, следење на работата на ученичките секции и сл.

– Увид во педагошката евиденција и документација.

– Следење на работата на стручните активи, ученичката организација и ученичките клубови, со цел осовременување на наставата и нејзино прилагодување на потребите на учениците

– Организација, подготовка и спроведување на електронското екстерно проверување на постигањата на учениците.

– Следење на професионалниот развој на вработените.

– Организирање на обуки за стручно усовршување на вработените.

–  Учество во изготвување на анализи на успехот, редовноста и поведението на учениците за потребите на Локалната самоуправа, БРО, МОН и други институции.

– Соработка со родителите за нивно поактивно вклучување во животот на училиштето.

– Соработка со другите училишта од општината и републиката со цел унапредување на наставата и вонаставните активности.

– Учество во подготовка и реализација на натпревари, квизови, манифестации.

– Учество во изготвување, координација и следење на проекти кои се реализираат во училиштето.