Нашите учесници во Еразмус проектот GOAL! (Учиме преку игри!) имаа чест и задоволство да бидат дел од отварањето на Олимписките игри (Традиционални и забавни игри по една од секоја држава) GOAL! во База, Шпанија. Заедно со учениците од Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Романија во мешани тимови уживаа во три спортски игри во кои соработуваа тимски и го развиваа тимскиот и натпреварувачки дух. Споделената радост за секој поен во играта 4 агли и секој гол во Фудбал во парови е потврда дека целта на првиот ден од Олимписките игри е постигната! Продолжуваме утре со истиот ентузијазам!
Вториот ден беше ден исполнет со многу активности и спортски игри, како и со посета на училиште и типични куќи во карпи во Cortes de Baza и езерото Негратин со впечатлив андалузиски пејсаж, како и многу активности за нашиот Еразмус тим.
Олимписките игри продолжија со француската традиционална игра ,,Ballon ai poing” и португалската традиционална спортска игра “Jogo do Lencinho” Членовите од сите пет мешани тимови соработуваа и се натпреваруваа, а денес најмногу се радуваа зелениот и розевиот тим. Честитки за сите!
Браво за нашиот неуморен тим, кој под координација на Анита Димовска достоинствено ја претставува нашата држава, нашиот град и нашето училиште!
Трет ден од Еразмус+ проект, GOAL!Величенствената Гранада беше празник за очи за нашите учесници во проектот ,,Учиме преку игри!” – GOAL!
Посетата на Катедралата на Гранада, кралската капела и арапските градби беа одлично организирани од страна на домаќините од училиштето Divino Maestro – Baza. Глетката на Алхамбра, Алказаба и Генералифе во подножјето на Сиера Невада беше уникатна и незаборавна. По прекрасниот сончев ден, денес продолжуваат со Олимписките игри во База.
Четвртиот ден во База, Шпанија, започна со последната спортска традиционална игра слична на Dodgeball која е омилена на учениците од училиштето домаќин, Colegio Divino Maestro.
Активноста Reading Challenge или Читање избрани сликовници или бајки за деца на глас, по една од секој држава, проследено со презентации на истите за ученици од трето до петто одделение беше проследена со големо внимание од страна на љубопитните ученици.
Учениците и наставниците имаа уникатна можност да се запознаат со културното наследство на градот домаќин преку куси драмски пиеси на различни локации од градот со ликови или статуи кои оживуваат. Обраќањето на оживеаните статуи беше впечатливо, впрочем какви што беа и нивните костими и посетите на арапската бања и музејот на База.
Уште еден ден исполнет со прекрасни доживувања со малку одмор и дружење за учениците во попладневните часови и координаторски состанок за наставниците.