Детски викенд во МОБ
Матине претстава „Доктор Офболи “
Во недела, 21 февруари, 2016 година, со почеток во 12 часот, Македонската опера и балет се одржа матине-претстава за деца „Доктор Офболи“- една од најгледаните детски балетски претстави ( и по тој повод добитничка на „Златна Буба Мара“ за 2013 година), во која активно беа вклучени и децата од одделенска настава од нашето училиште „Кочо Рацин”. Во организација на наставниците, носители на овој проект: Ивана Ѓорѓиевска и Николина Милевска, со околу 40 ученици,10 родители и 6 наставници, беше успешно реализиран уште еден проект за „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во соработка со родителите и наставниците .
Претставата беше класична сказна за вечната борба меѓу доброто и злото, во која на крајот, се разбира дека победува ДОБРОТО. Изобилува со прекрасна музика, костими и сценографски елементи и децата и родителите ја следеа со воодушевување. Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балетски мајстор од Русија, Михаил Крапивин.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |