Е-твининг платформа
На покана на директорката Лидија Пешевска, советничка од БРО, Сања Димитријевиќ во нашето училиште ја организираше обуката за е-Твининг платформа. Предавач на обуката беше Габриела Стојановска, амбасадор на е-Твининг платформа кој ги упати наставниците за предноста која ги нуди оваа платформа при повржување и споделување на искуства со наставници и ученици од други држави. Оваа платформа е една од многуте кои се користат во ЕРАЗМУС+ проекти и овозможува полесно пронаоѓање на проектни партнери. Голема благодарност до спроведувачите на обуката!
Leave a Reply