Едукативно теренска обука на Училишните сообраќајни единици
На 07.02.2019 се одржа едукативно теренска обука на Училишните сообраќајни единици – УСЕ во нашето училиште.
Учениците од VIII одд. се вклучија активно со активност на терен со обележување со флаери на возилата кои во моментот беа непрописно паркирани околу училиштето и се спроведе контрола на возила заедно со СВР Куманово за поседување на зимска опрема, носење на безбедносен ремен и проверка на употреба на светлосни уреди на моторните возила.
Leave a Reply