Велосипедизмот и спортскиот дух

,,Велосипедизмот и спортскиот дух- здрави животни навики во современото живеење” е проект кој заживеа во нашето училиште, по потпишаниот меморандум за соработка со планински велосипедски клуб ,,Оксижен”
Денеска, 11.02.2019г. пред учениците од VI одд. се одржаа едукативни и интерактивни предавања за спортски активности ( велосипедизам) и охрабрување на младите да бидат што повеќе физички активни. Оваа активност е прва од планираните активности од проектот, кој го сметаме за исклучително значаен за здравјето и развојот на нашите ученици!