Меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO

На 22.2.2019 г. во нашето училиште се одржа првиот круг на  – седми по ред, на кој учествуваа 60 ученици од четврто до деветто одделение, од кои најмалиот и единствен учесник во категорија Little Hippo, која за прв пат е воведена оваа учебна година, беше Михаил Цветковски.
Останатите ученици се натпреваруваа во три категории и тоа:
ученици од V и VI во Hippo 1,
ученици од VII во Hippo 2 и
ученици од VIII и IX одделение во Hippo 3 категорија.
Учениците добија сертификати за учество и со нетрпение ги очекуваат резултатите за влез во полуфиналето коешто ќе се одржи на 31.03.2019 во Струга.
За пласман во полуфинале потребни се сите бодови од првиот круг или само еден помалку од вкупниот број на бодови во одредени категории, а финалето ќе се одржи во Лидо ди Језоло, Италија.