ДЕБАТА НА ОСМООДДЕЛЕНЦИ

Дека постои огромна потреба да се дебатира, да се разменат мислења и ставови меѓу учеиците, наставниците, стручната служба, покажа и денешната дебата на тема: ,,Насилните игри прeдизвикуваат насилство меѓу децата”. Дебатата беше организирана од педагогот Сашка Стаменковска и наставникот Катерина Костадинова, реализирана од учениците од 8-3 одд., поддржана од педагошко-психолошката служба, наставиниците и од директорката на училиштето. Оваа дебата е прва од петте предвидени во 8 одд. со намера да се допре до суштинските проблеми со кои се соочува современиот начин на живот, а со тоа и воспитната компонета во образованието на нашите ученици.

На 19 декември 2018 г. во училишната медијтека 8-1 одд. дебатираше на тема:,,Позитивни и негативни страни на интернетот”. Оддлично осмислена дебата со исцпрени и поткрепени ставови од двете страни. Со темата се отворија многу прашања за начин на комуникација меѓу учениците.

На 30.1.2019г. во 8-4одд. се реализира дебата на тема: Со кого си-таков си!  И оваа дебата покажа дека постојат различни мислења, спротивставени страни и многу зрели разлислувања од страна на нашите осмоодделенци. Убавината на овие дискусии е разновидните ставови слушнати од страна на учениците, наставниците, стручната служба и дебатирање и поткрепено бранење на своите ставови!

На 12.2.2109г се одржа дебата во 8-2 одд. на тема ,,Детството на нашите родители било поубаво од денешното” поттикна плодна дискусија.Тимовите на афирмација и негација ги спротивставија своите ставови и се бореа за своето мислење.

,,Изгледот за младите е најважен” беше последната дебата реализирана на 20.2.2019г. во осмо одделение под менторството на Катерина Костадинова и Сашка Стаменковска. Учениците од 8-5одд. одлично ги бранеа своите ставови за тоа колку изгледот е важен за младиот човек. Тимовите на афирмација и негација поттикнаа уште многу теми и дилеми. Браво за учениците од 8 одд. и менторите, кои преку дебатата овозможија да се слушне мислењето и ставовите на младите луѓе, на нашата иднина!