Соработка со Црвен крст-Куманово

Во соработка со Црвен крст на Р. Македонија-Општинска организација Куманово во нашето училиште е формиран Училишен клуб на Црвен крст составен од ученици од осмо и деветто одделение. На 5 октомври беше одржан првиот состанок-дисеминација за учениците од деветто одд. од страна на младите волонтери на Црвен крст. Учениците преку презентација и разговор се запознаа со основањето и работата на Црвен крст, негови цели и задачи, принципи на работа. Целта е да се поттикнуваат и негуваат хуманите вредности кај младите и да се зголемува и проширува бројот на млади волонтери на Црвен крст. Во текот на учебната година следуваат разни предавања, активности, работилници, вежби и учество во разни акции организирани од страна на Црвен крст.