Детска недела 2018/19

Детската недела која се одбележи со низа активности на 5.10.2018 г. заврши со прекрасна манифестација, организирана по повод прием на првачињата во Детската организација! Во присуство на гостинчиња од градинката „Ангел Шајче“, клон „Пчелка“, родители, ученици наставници, првачињата ја положија свечената заклетва. Во сите подрачни училишта беше подготвена мала манифестација од страна на постарите другарчиња. Драги првачиња, честит прием во Детската организација!

Како дел од активностите на Детска недела беше реализирано цртање во дворот на училиштето,игри без граници, а во  опуштена и пријатна атмосфера во градината на училиштето се одржаа „Детски лирски треперења“. Уживавме во пејзажна, патриотска, хумористична, љубовна поезија, но имаше и социјална по која е познат нашиот патрон, поетот Кочо Рацин. Браво ученици и наставници, повторно го докажавте вашиот тален и креативната работа со учениците!