Свечен прием на првачиња 2018/19г.

Љубопитни очиња, разиграни срциња, весели ножиња- такви беа нашите нови првачиња! Директорката Лидија Пешевска, градоначалникот Максим Димитриевски и стручната служба на Училиштето ги поздравија и им посакаа добредојде и надеж дека од Училиштето ќе излезат како млади луѓе спремни за животот. Нивните постари другарчиња од III, IV, V одд. ги дочекаа со игра и песна. Училиштето за првачињата подготви мали подароци за успешен почеток на учебната година и на нивното деветгодишно образование. Убав почеток на уште една учебна година! Директорката на Училиштето и вработените им посакуваат среќен и успешен почеток на учебната 2018/19 г. на СИТЕ УЧЕНИЦИ!  На 4 септември 2018г. учебната година во ООУ„Кочо Рацин“ започна за 1300 ученици.