Претстава Новогодишна бајка

Незаборавна интерактивна новогодишна претстава „Новогодишна бајка“ ! Со љубов и искрени желби од вработените на ООУ„Кочо Рацин“ за учениците се одржа приредба насловена Новогодишна бајка. На манифестацијата присустувааа и учениците од подрачните училишта. Директорката Лидија Пешевска истакна дека е задоволна што на учениците им приредиле радост и среќа. Таа дополни дека оваа годината како училиште постигнале одлични резултати.

-Решивме оваа година од нашите вработени за нашите деца подготвивме новогодишна бајка, во која учествуваа Дедо Мраз и Баба Мразица, самовила, снегулки, волштебник. Имаме две претстави, ги поканивме нашите дечиња од подрачните училишта од Доброшане, Биљановце, Кучкарево, Орашац, дојдоа сите. На радоста и немаше крај и тоа ни беше целта, да постигнеме малку радост, веселост, да им приредиме за овие предновогодишни празници.  Задоволни сме, се што беше планирано е реализирано, успешно во секој случај се надеваме дека така ќе продолжиме и понатаму.