Еразмус+ ESCEI Барселона

Пет наши ученици имаат чест и задоволство преку проектот Еразмус + ESCEI да учествуваат во активности поврзани со темата звук во едно од најрепрезентативните училишта во Барселона, Шпанија од 20-27.1.2019г. Првиот ден беше забавен за сите нивни врсници. Првата активност се состоеше од меѓусебно запознавање на учениците од Шпанија, Италија, Полска, Романија и Македонија преку видео презентации ,,Knowing us” изработена од ученици. Втората игра се состоеше од откривање на мистерија од Египет во училишна библиотека.Третата активност се состоеше од визуелно претставување на различни видови звуци/ музика преку бои, а четвртата активност изработка на музичка скулптура во група. На почетокот беа презентирани и предзнаења за звукот и во сите активности нашите ученици покажаа голема креативност, досетливост и знаење.

Вториот ден од проектот ESCEI во Барселона, протекува исполнет со разновидни активности!
Посета на парк ,,Лавиринт Хорта” со нагласок на штедење на вода во систем на фонтани и капка по капка систем на наводнување, како и истражување квалитет на вода, хемиско- биолошка исправност, загаденост со физички отпад и микроорганизми, мирис, вкус на вода, физички својства на вода и тестирање на ph вредност на вода со лакмусова хартија.
Втора активност ,,Гледаме звук” – визуелизација на звук, како го перципираат звукот глувите, а учениците сами со помош на пластична кутија и балон кој симулира мембрана го демонстрираат звукот преку вибрации и истражуваа и дискутираа за намалувањето на јачината на звук со помош на цевка. Активности со многу практични истражувања, дискусија и заклучоци!

Третиот ден од ESCEI проект на тема ,,Загадување со звук” протекува со низа активности. Прво од страна на домаќините беше презентирана училишната зграда: училници, кабинети и работни простории, а како втора активност беше реализирано мерење на звуци во училишните простории и изготвување на мапа на звуци во групи на целото училиште, при тоа разграничувајќи ја разликата меѓу звук и бучава. Учениците сами направија саундмапа на училишната зграда со саундметар, а преку графикони ги прикажаа мерењата и дојдоа до заеднички заклучоците. Многу корисни и практични знаења!

Четврти ден во прекрасната Барселона!Сончево претпладне во готскиот кварт во Барселона и возбудливо попладне во научниот музеј Cosmocaixa со импресивни експонати, потопена шума до подводен свет и уникатна интерактивна изложба за космонаутика и роботика која беше највпечатлива за нашите ученици и наставници.

Петтиот ден од ESCEI проект во сончевата Барселона! Учениците на плажа добија прибор за истражување со кој ја мереа хемиска загаденост, а со анемометар мереа брзина на ветар…. Собраните податоци ги презентираа и заклучокот беше дека водата во морето на овој дел е доста чиста и незагадена. Зборуваа, дискутираа кои решенија уште можат да изнајдат за подобрување на нивото на чистота на водата и уживаа во прекрасното време и море. За крај во пријатна атмосфера ги добија заслужените сертификати и се збогуваа со училиштето…