8 Март со „Порака наша“

Нашите вредни ученици од деветто одделение заедно со штитениците од „Порака наша“, вредно ги изработија осмомартовските честитки и пораки. Со својот шарм привлекоа внимание на минувачите честитајќи им го празникот на понежниот пол и продавајќи им рачно изработени честитки.