ПРИСТАПНОСТ = РАМНПРАВНОСТ

На 29.03.2017г. во холот на училиштето се одржа предавање на тема ПРИСТАПНОСТ = РАМНПРАВНОСТ. Предавач беше претседателот на МОБИЛНОСТ -МАКЕДОНИЈА, Бранимир Јовановски, а на предавањето беа присутни членови на училишната заедница, гости-членови од МОБИЛНОСТ-Македонија и од МОБИЛНОСТ-Куманово. Оваа предавање беше дел од акцискиот план на училишната заедница, а и дел од активности предвидени во проектот „Сложувалка“. Предавањето беше прилагодено за деца од училишна возраст, а предавачот ги воодушеви сите присутни со својата презентација, со својата елоквентност и пластичност во давањето на лични примери, како и примери за успеси и препреки со кои се среќаваат инвалидизиран лица во државата и светот.
Голема благодарност на г-н Бранимир Јовановски, кој со своето предавање не едуцира и ни ги прошири видиците на сите присутни, а со тоа во најмала мера придоесе за еден похуман и подобар свет за сите нас! Овој проект е финасиран од Фондација Отворено општество Македонија.