Гласање за лого на проектот „Сложувалка“
Од 02-06.03.2018г. на официјалната фан страна на нашето училиште беа постирани 70 цртежи од нашите ученици кои даваа идеи како би требало да изгледа логото за проектот „Сложувалка“. Заедно со фановите го избравме најсоодветното лого за новиот проект кој се реализира во нашето училиште заедно со Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет – Куманово, Кратово и Крива Паланка – МОБИЛНОСТ Куманово.
Проектот „Сложувалка“ е осмислен врз основа на повикот на Фондација Отворено Општество – Македонија со основен приоритет промовирање на концептот на инклузивно образование и училиште како стимулативна средина во која се разбираат и вреднуваат различностите, место каде секој ученик ќе се чувствува добредојден и ќе има можност да ги постигне своите максимум потенцијали за учество, учење и напредување, без разлика на етничките, јазичните, социјалните, културни и други разлики и/или попречености.
Проектот е координиран од директорката Лидија Пешевска и од Небојша Ташиќ – претседател на „Мобилност“ Куманово, а реализатори се: Росица Трајковска, Далибор Јовановска, Анита Димовска, Ивана Ѓорѓиевска, Бранимир Јовановски и Сања Арсовска.
Врз основа на гласовите се направи селекција на најдобрите цртежи, а петчлената комисија од цртежите со најмногу лајкови го избра логото за проектот „Сложувалка“.
Според бројот на лајкови, најгласани цртежи за лого на проектот „Сложувалка“ беа цртежите на:
Сандра Стојановска од 8-4 одд.
Викторија Благевска од 8-4 одд.
Евгенија Петрушевска од 8-2 одд.
Љубиша Мицевски од 6-4 одд.
Теодора Драгановска од 8-2 одд.
Ненад Стефановски од 9-2 одд.
Бисера Ќурчинска од 8-4 одд.
Дамјан Петрушевски 8-1 одд.
Мариана Ивановска 7-2 одд.
Анастасија Спасовска 7-4 одд.
Жири комисијата го избра цртежот на Сандра Стојановска од 8-4 одд. за лого на проектот „Сложувалка“.
Сите 70 учесници на конкурсот за лого на проектот „Сложувалка“, ќе бидат поканети на настанот организиран од „Мобилност“ Куманово во Дом на култура на кој ќе бидат изложени нивните цртежи, ќе бидат доделени пофалници за сите учесници, ќе се презентира краток филм за пристапност. Настанот ќе се организира во втората половина на месец март, а датумот дополнително ќе биде прецизиран.
Leave a Reply